Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Две потрошувачки кошнички – синдикална и официјална, нема договор за минималната плата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Две потрошувачки кошнички – синдикална и официјална, нема договор за минималната плата
Агровести

Две потрошувачки кошнички – синдикална и официјална, нема договор за минималната плата

Објавено 04/02/2025
Сподели
11 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Синдикатите, Државниот завод за статистика, Организацијата на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии заедно ќе креираат официјална потрошувачка кошница, но нема договор за минималната плата, е епилогот од вчерашната седница на Економско-социјалниот совет – ЕСС. Според работодавачите, не бил прифатен предлогот Владата да субвенционира дел од социјалните придонеси за да се зголемат платите, синдикалците, пак, велат дека таквиот предлог не бил одбиен од Владата и оти наскоро ќе има нова седница на ЕСС.

Како што изјави претседателката на Организацијата на работодавачи Владанка Трајкоска, на следната седница на ЕСС најверојатно ќе се формира телото кое ќе ја дефинира официјална потрошувачка кошница.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, пак, изјави дека смета оти е добро да има независно тело кое ќе нуди различни пресметки, но додаде дека ССМ и понатаму ќе продолжи да ја пресметува синдикалната кошница. Во креирањето официјална потрошувачка кошница гледа обид за минимизирање на синдикатите, како и обид за незголемување на платите (минималната и останатите плати). Како што посочи, ќе се разговара дали ССМ ќе учествува во независното тело кое ќе ја креира официјалната кошница.

Според Трендафилов, минималната синдикална кошница ги отсликува реалните потреби на едно четиричлено домаќинство и ССМ и стои на располагање на државата ако има потреба, да и пренесе дел од своите знаења во однос на пресметките. Трендафилов потсети дека Државниот завод за статистика во кошничката опфаќа околу 230 производи кои се „далеку понереални“, како ананас, јагоди, ореви, бадеми,…, а ССМ се задржува на неопходните: сезонски овошја, газиран и густ сок, хамбургери за децата,…

-ССМ ќе продолжи да ја пресметува минималната кошничка која се покажа како единствен релевантен податок. Ако грешката е што во неа се ставени сеознски овошја, еден газиран и еден густ сок или хамбургери за децата, тогаш може слободно да направат нова методологија и нова пресметка. Веројатно сите сакаат да станат синдикалци. Она што го критикуваат во нашата кошница е минимално пресметано, 25 грама цреши денеска можеме да поделиме со семејството, една чаша кока-кола и една чаша сок од портокал. Со 730 денари во текот на денот не може да купите ни четири бурека и четири јогурти, а не за појадок, ручек и вечера. Сепак, стоиме на располагање за да пренесеме дел од нашите знаења ако државата или Државниот завод за статистика смета дека треба да направат некакво унапредување. Но, ќе потсетам, и денеска статистика пресметува близу 230 производи во нивната кошница кои се далеку понереални: ананас, јагоди, ореви, бадеми,… Она што ССМ го прави од 2010 година било и ќе биде критикувано од сите влади, но ако разговорите преминат од фаза на дискусија и идеи во фаза дека ќе ни докажат дека можеме да преживееме со далеку помалку, можеби ќе треба да се пресмета просечна кошница која ќе биде над 2 000 евра, која ќе ги отсликува реалните, а не минималните потреби, само тоа нема да им се допаѓа ни на Владата, ни на работодавачите, изјави Трендафилов.

Укажувањата на седницата на ЕСС биле дека е потребно независно тело да пресметува потрошувачка кошница.

– ССМ, како и сите синдикати во регионот и Европа пресметува вакви кошнички за да покаже каде треба да се движат владините и политиките на работодавачите за зголемување на платите. Веројатно ова со официјалната кошница ќе биде координиран напад и во наредниот период ќе се трудат да не замолчат. Сите денеска на ЕСС се обидуваа да најдат некаква грешка, но не успеаја, истакна Трендафилов.

Според него, ССМ останува на ставот дека платите треба да се зголемат уште денеска, а работниците можеби немаат толку големи проблеми со Владата и работодавачите, колку што имаат со некои синдикалци.

– Синдикалци на седницата не убедуваа дека можеби и не е потребен раст на минималната плата зашто ќе правел притисок врз останатите плати. Сметаат и дека кошничката што ние ја пресметуваме треба да ја критикуваат и да даваат поддршка на некој трет да ни ја крои капата нам, на работниците и граѓаните, а бојкотот покажа дека животот ни е прескап и дека е потребно платите да се зголемат уште денес, подвлече Трендафилов.

Тој оцени дека е созреано времето и дека денеска е денот сите социјални партнери да си подадат рака за работодавачите да можат да издржат да плаќаат дополнително зголемување на  минималната и платите во приватниот сектор без притоа Владата да има дополнителни оптповарувања на Буџетот.

-Да се слеат дополнителен дел на придонесите од законското усогласување на минималната плата, а работниците да добијат повисоки плати согласно трудот што го вложуваат. Ако минималната плата се зголеми дури и  на 31 500 денари согласно предлозите на стопанските комори, ќе се вратиме на позиција кога две минимални плати ќе ја покриваат минималната синдикална кошница. ССМ останува на ставот минималната плата да се зголеми на 24 400,  24 500 или 24 700 денари и да се договорат социјалните партнери дека е потребен дополнителен раст на минималната плата, а работодавачите да бидат ослободени од плаќање придонеси за  делот од дополнителниот раст, односно субвенционирани од државата. ССМ се залага за зголемување на сите останати плати преку субвенционирање на придонесите за одреден период, повтори Трендафилов. 

Претседателката на Организацијата на работодавачи Трајкоска во изјава за медиумите истакна дека на седницата на ЕСС нема договор за минималецот и дека е одлучено да има официјална потрошувачка кошница. 

-Се дискутираше за минималната синдикална кошничка, но се официјализираше дека ќе има официјална потрошувачка кошница. Сметаме дека ќе биде официјална и институционална, ќе ги дефинира сите точки и ќе ги земе предвид сите потрошувачки елементи релевантни за една кошничка. Се дискутираше на неколку теми, меѓу кои и минималната плата, но имаше само дискусија, без ставови и заклучоци. Сите се стремиме кон ЕУ и она што го истражувавме беше дека ЕК нема директива за потрошувачката кошница. Секоја држава во регионот и ЕУ има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, синдикалните се дури двапати поголеми. Тоа се политички одлуки и елементи кои ги користи синдикатот за свои придобивки и тоа е нивен метод за вршење притисок, изјави Трајкоска по седницата. 

Според неа, не бил прифатен предлогот Владата да субвенционира дел од социјалните придонеси за да се зголемат платите.

Пред седницата на ЕСС работодавачите рекоа дека е можно минималната плата да биде и повисока од 450 евра ако Владата субвенционира дел од придонесите. Тие пред седницата на ЕСС изјавија дека секое покачување што ќе го издвојат во износ од 1 000 до 9 000 денари треба да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќа од нивна страна во целост. 

Според ССМ, пак, ако работодавачите имаат желба да се зголемат платите на сите вработени во приватниот сектор, треба да се изнајде решение со кое Владата ќе субвенционира дел од придонесите. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) порача дека ќе предложи формула според која Владата би субвенционирала дел од платите на најсиромашните.

-Нашиот предлог е за покачувањето од 1 000 до 9 000 денари да може да ни помогне државата околу придонесите. Секое покачување што ќе го издвојат работодавачите во износ од  1 000 до 9 000 денари да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси, а понатаму, да се надеваме со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќаат во целост. Од моменталните 24 800 денари што ги очекуваме во март до 34 000 денари да има субвенции во социјалните придонеси. Тоа е околу 9 000 денари. Предлогот на синдикатите е 27 000 или 450 евра, но ние имаме шанси, ако бидеме поддржани од Владата со социјалните придонеси, тие плати да бидат зголемени за да постигнеме и малку поголем износ на минимална плата во регионот. Тоа значи дека минималецот понатаму би го договарале со колективни договори во секој сектор, но основата на покачувањето секоја година во март да биде согласно утврдената методологија, а со посебни колективни договори со синдикатите да има плус покачување. Тоа се некои решенија кои ние ги предлагаме, синдикатите имаат нешто слично, но најважно е бројот на компании и вработени да останат, објасни Миле Бошков од Бизнис конфедерацијата на Македонија. 

Тој напомена и дека наглото покачување на минималната плата е голем товар за микро, малите и средните фирми, особено во занаетчиската дејност. 

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски смета дека мора да им се помогне барем на најсиромашните работници.

-Ние ќе дадеме свои идеи и гледишта за покачување на минималната плата повеќе од она што е предвидено со Законот, ќе видиме како ќе се одвива дискусијата. Сите заедно сме тука за да видиме како можеме да им помогнеме барем на најсирмоашните работници, околу 20 000, кои земаат минимална плата. Ќе предложиме формула според која Владата би субвенционирала дел од платите на најсиромашните. Имаме некои свои гледишта и идеи како би можела Владата да помогне во овој случај, а да не предизвикаме инфлаторни шокови, истакна Ралповски пред почетокот на седницата на ЕСС.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Двеминималната платанема договорпотрошувачки кошнички
Претходен напис Променливо облачно и ветровито, опаѓање на утринските температури до крајот на неделава
Следен напис Магла на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и Маврово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?