Компаниите „Си-мАаинд“ и „Свифт Дата“ кои се корисници на грант од ФИТР, заеднички го лансираат Комјунити бизнис инкубаторот, кој претставува иновативен мост за соработка со стартапите помагајќи им да добијат правилни ресурси.
Покрај класичниот пристап каде инкубаторот обезбедува простор за своите корисници, инкубаторот ќе обезбеди и кадар во следните гранки: валидација на производ, продажба, правна и сметководствена грижа, менаџмент, деловна комуникација и преговарање.
Стартап компаниите ќе добијат и пристап до регионални и Европски програми, како и уникатна можност за промоција во Америка.
Со прилагодени програми за секој стартап, целта е да се направиме брз раст од самата идеја до првиот доказ за концептот и првата продажба, што претставува уникатен дизајн на процесен пристап.
