Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари: 4000 хектари за овоштарници, лозја, оранжерии, лешник до 70 години, рурален туризам до 30 години…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари: 4000 хектари за овоштарници, лозја, оранжерии, лешник до 70 години, рурален туризам до 30 години…
Агровести

Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари: 4000 хектари за овоштарници, лозја, оранжерии, лешник до 70 години, рурален туризам до 30 години…

Објавено 14/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На денешната седница Владата ја усвои Информацијата за давање на согласност за распишување на два јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Со првиот оглас се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 3.240ха 73ар 65м2  во следните региони во Република Северна Македонија: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.  

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за:

  • Подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,
  • Подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
  • Подигање на маслинарници за период до 50 години,
  • Одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,
  • Ливади за период до 15 години,
  • За одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
  • Рибници до 20 години и
  • Спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Со вториот јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 529ха 26ар 60м2  во следните региони во Република Северна Македонија: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип.

Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавен оглас е со намена за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години.

На овие два огласи за закуп на земјоделско земјиште со површина од речиси 4.000 хектари, право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

СОКОТЕРА Битола – Нова можност за Македонското земјоделство

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјалешниклозјаоранжерии
Претходен напис Министерот Николовски со најнова вест: Распишуваме два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари
Следен напис Дали печурките треба да се мијат пред приготвување?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?