Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: Во моментов немам сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: Во моментов немам сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи
Агровести

Дурмиши: Во моментов немам сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи

Објавено 07/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека во моментов Министерството за економија и труд нема сознанија за картелско здружување кај откупувачите на земјоделски производи и го охрабрува ресорниот министер да постапи доколку има такви индиции.

-Доколку има вакви сознанија за картелско здружување при откупот на земјодските производи Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе излезе на терен и ќе ги контролира сите здруженија и ќе ги казни во рами на законските можности- изјави Дурмиши во одговор на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка во областа на трудот со Државата Катар.

Посочи дека секој месец Државниот завод за статистика ги објавува податоците за цените на производите, а Пазарната инспекција ги контролира на терен.

– Чекаме овие денови да бидат објавени податоците и да видимеа каква е состојбата со цените во август. Секој квартал и Пазарната инспекција излегува на терен и не известува за цените. Ќе ги споредиме цените и ќе ја известиме јавноста – рече Дурмиши.

Потсети дека во јули имаше инфлација од само 0,1 процент на месечно нивоа а 2,3 проценти на годишно, при што цените на прехранбените производи беа намалени за 1,3 проценти.

-Кога ќе излезат податоците за август од Државниот завод за статистика и од Пазарната инспекција ќе ја известиме јавноста и ако има потреба ќе постапуваме како во минатото и ќе ги употребиме сите механизми кои ги имаме на располагање ако има девијантно однесување или зголемување на цените на прехранбените производи од страна на трговците без економска оправданост- истакна Дурмиши.

Прашан дали се размислува за намалување на ДДВ-то за горивата, Дурмиши рече дека за тоа е надлежен друг министер кој на седница на Влада ќе образложи како се движат работите.

– Во време на криза како Влада одлучивме да ги намалиме цените на нафтените деривати и да им излезем во пресрет на граѓаните. За разлика од некои земји кои само им укажаа на граѓаните дека ќе се зголемат цените ние преземавме конкретни мерки. Кога надлежниот министер ќе ни ги достави информациите како Влада ќе одлучиме како ќе постапиме понатаму, потенцира Дурмиши.

МИА

Може да ви се допадне

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
На 26.09.2026 година, во 09:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Министерството
Потребни материјали за полагање на испити од областа на рибарството и аквакултурата
МЗШВ ќе бара вклучување на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради состојбите со откупот на земјоделските производи
Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора
Таг:Дурмишиземјоделски производикартелско здружувањеоткупувачитесознанија
Претходен напис На 26.09.2026 година, во 09:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Министерството
Следен напис Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?