Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности
Агровести

Државниот инспекторат за животна средина лани спровел над 1535 инспекциски надзори, утврдени 300 неправилности

Објавено 03/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Годишниот извештај работата за 2024 година, Државниот инспекторат за животна средина, спровел 1 535 инспекциски надзори од кои 1 008 редовни, 247 вонредни и 280 контролни инспекциски надзори. Како резултат на контролите, утврдени се 300 неправилности/законски повреди за кои се изготвени 300 решенија со кои се наредуваат или забрануваат одредени активности, односно се поведени постапки за санкционирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Од Министерството додаваат дека се реализирани повеќе вонредни инспекциски увиди на територијата на целата држава на барање на Министерството за внатрешни работи во делот на управувањето со отпад, со цел сузбивање на нелегални дејствија при постапување со него. Контролите биле реализирани во соработка со Царинската Управа, Државниот пазарен инспекторат, Управата за Јавни Приходи и други релевантни институции.

-Во текот на 2024 година добиени се вкупно 72 претставки од граѓаните по пат на достапните начини на комуникација – Фејсбук Месинџер и Веб-Пријави. Во однос на претходните два шестмесечни периоди од 2023 година бројот на претставките е намален, благодарение на превентивното постапување на инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина, во рамки на редовните планирани инспекциски надзори, односно редовното информирање на јавноста преку каналите за информирање за тоа за кој вид на проблем каде да се обраќаат. Од вкупно примените 72 претставки, три биле наменети за инспекторите во ДИЖС, сите останати 69 претставки се однесувале на постапување на општинските/овластените инспектори за животна средина, како и на општинските/овластените комунални инспектори за комунални работи. Најчесто претставките се однесувале на управување со отпад, палење на отпад/стрништа на јавни површини, бучава од угостителски објекти, непријатна миризба од чување домашни животни, атмосферски канал, септичка јама и канализација, се вели во соопштението од МЖСПП. 

ДИЖС има постапено по сите претставки со теренски инспекциски надзори, самостојно или координирано со овластен инспектор за животна средина од општините. Претставките што не биле во надлежност на ДИЖС, се препратени до соодветни институции или барателите се упатени каде да се обратат.

Основна функција на Државниот инспекторат за животна средина, велат од Министерството, е спроведување на инспекциски надзор во согласност со законските прописи и други правни акти со кои се регулирани прашања од сферата на заштитата на животната средина, природата и водостопанството. ДИЖС главно има надлежности над деградација на животната средина и медиумите, на правните субјекти што поседуваат А – Интегрирана еколошка дозвола  и елаборати издадени од Министерството за животна средина и простопрно планирање.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Државниот инспекторат за животна срединаинспекциски надзоринеправилности
Претходен напис УХМР најавува постудено време со слаб снег
Следен напис Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?