Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта
Агровести

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта

Објавено 09/03/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила денеска и ги запре испораките на нафта откако Иран ја запали нејзината рафинерија во напад.

Најавата за вишата сила, правен механизам што ја ослободува компанијата од договорни обврски поради вонредни околности, ја пренесеоа медиумите во Бахреин.

Во соопштението се вели дека работењето на компанијата е „засегнато од тековниот регионален конфликт на Блискиот Исток и неодамнешниот напад врз нејзиниот рафинериски комплекс“.

И покрај ова, компанијата инсистира дека домашната побарувачка сè уште може да се задоволи.

Бахреин, исто така, го обвини Иран за оштетување на една од неговите постројки за десалинизација, иако државната Управа за електрична енергија и вода соопшти дека снабдувањето со вода и електрична енергија останува стабилно.

Постројките за десалинизација обезбедуваат вода за милиони жители во регионот и илјадници патници заглавени од војната, предизвикувајќи нови стравувања од катастрофални последици во пустинските држави.

Бахреинските власти претходно соопштија дека најмалку 32 лица се повредени, од кои четворица потешко, во ирански напад со беспилотни летала врз градот Ситра, на околу шест километри од индустриската зона.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Бахреинвиша силазапренафтанафтена компанија
Претходен напис Истражување: Светските езера се загрозени од ширење на големи инвазивни животни
Следен напис Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?