Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дождот полека ги полни хидроакумулациите во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дождот полека ги полни хидроакумулациите во Струмичко
Агровести

Дождот полека ги полни хидроакумулациите во Струмичко

Објавено 19/11/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите од дожд полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко, од кои, заради сушниот период, во сезоната на наводнување имаше распоред за пуштање вода од по три дена за повеќе атари во регионот.

Според раководителот на Подружницата „Струмичко поле“ при АД „Водостопанство на Македонија“, Костадин Стојанов, се уште е рано да се каже кога ќе почне поголемиот прилив на вода во хидроакумулациите, но врнежите, кои почнаа и се најавува дека ќе продолжат, даваат голема доза на оптимизам дека есенва и во зима нивото на водата во акумулациите ќе се зголеми.

-Според вчерашните мерења во најголемата акумулација „Турија“ имаме 11,5 милиони кубни метри вода од вкупно 50 милиони. Во „Водоча“,пак вчера се измерени 9 милиони кубни метри вода од вкупен капацитет од 27 милиони кубни метри вода, информираше Стојанов.

Според него, и помалите акумулации „Новоселка“, „Чаушица“, „Иловица“ и „Маркова река„ бргу се полнат.

Инаку, од акумулацијата „Турија“ градот Струмица и повеќе населени места трошат меѓу 5 и 6 милиони кубни метри вода за пиење годишно.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:дождотполниСтрумичко
Претходен напис Утрово најстудено во Куманово, најмногу дожд наврнал во Лазарополе
Следен напис МФ: Собранието ги изгласа измените на Законот за ДДВ, поддршка за домашната економија и фер конкурентност на пазарот 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?