Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
Агровести

Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки

Објавено 04/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води, препорачуваат агрометеоролзите согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност утре и за време на викендов ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

 Дождот, нагласуваат, е потребен, зашто влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали.

-Во градинарството на почетокот на месецот се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се берат плодовите. И кај лозарството има берба на некои касни сорти десертно грозје. Кај поледелските култури овој месец почнува сеидбата на пченицата и јачменот. Времето на сеидбата има големо значење, бидејќи директно влијае врз времето на поникнувањето, презимувањето на растенијата, но и врз приносот. Некои сорти се сеат порано, а некои подоцна. Температурните услови диктираат кога треба да се засеат сортите во одреден регион. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки. Доколку временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки, велат агрометеоролзите од УХМР.

Тие потсетуваат дека, според прогнозата, собено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 километри на час.

-На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди. Дождот е потребен, влажноста на почвата по долгото сушно лето значително се намали, па врнежите ќе ја надоместат и ќе овозможат успешна есенска сеидба, истакнуваат агрометеоролзите. 

МИА

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:агротехничкидобредојдендождотземјоделствотомерки
Претходен напис Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица
Следен напис Можно зголемување на гужви на границите: Од 10 ноември при влез во ЕУ ќе се земаат отпечатоци и фотографии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?