Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција
Магазин

Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција

Последна измена: 13/10/2023 10:40
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Крива Паланка ја промовира и дисперзира својата туристичка понуда преку виртуелна прошетка низ градот достапна на платформата http://www.macedoniafromabove.mk./

Од Општината Крива Паланка посочија дека отсега, благодарение на информатичката технологија, со само со еден клик  на линкот https://macedoniafromabove.mk/krivapalanka/index.htm?language=mk сите ја имаат Крива Паланка на дланка со: најпознатите туристички локалитети, најдобрите угостителски и сместувачки капацитети.

-Сите туристи, посетители и љубители на природата можат да ја истражат Крива Паланка, да ги пронајдат брзо и лесно сите локации за незаборавни моменти и прекрасни спомени од градот. Крива Паланка гостопримливо чека на брегот на Крива и Дурачка Река, нуди раскошна природа, чист воздух, богата традиција, историја, автентична архитектура, меѓународни манифестации, фестивали и незаборавна програма за култура.

Посетете ја Крива Паланка во сите 365 денови од годината, привлечна за љубителите на спортско-рекреативен, планински и алтернативен, гастрономски и еко-туризам, се вели објавата на општинските социјални мрежи каде што се достапни линковите за пристап до платформата.

Од службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка информираат дека приклучувањето кон платформата има за цел  поддршка на угостителскиот сектор и сопствениците на сместувачки капацитети на локално ниво.

-Општина Крива Паланка, преку примена на нови ИТ алатки овозможи виртуелено преставување на Општината т.е.“Визуелен 360° туристички водич“,  како нов, уникатен и возбудлив начин на интернет доживување, велат од општинските служби задолжени за медиумска промоција.

За полесен пристап до водичот на општинската веб страница www.krivapalanka.gov.mk  е поставен специјален банер. 

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Избрани овогодинешните зет и невеста за Галичка свадба – Јован и Лилјана
Таг:виртуелна прошеткаКрива Паланкатуристичка промоција
Претходен напис Шумски полицаец нападнат од четири лица во Кавадарци
Следен напис За викендот сончево и топло, од понеделник заладување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?