Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Донесен Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите имаат рок од шест месеци за усогласување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Донесен Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите имаат рок од шест месеци за усогласување
Агровести

Донесен Законот за нефер трговски практики, добавувачите и купувачите имаат рок од шест месеци за усогласување

Објавено 14/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Законот за нефер трговски практики вчера помина на собраниска седница. Неговата примена се очекува да влијае врз намалувањето на цените на земјоделските и прехранбените производи.

Во него се наведени 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат, а надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач и кои влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, како што вчера појаснија од Министерството за економија, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика.

Со донесувањето на ова законско решение, од Министерството за економија очекуваат да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот за снабдување со храна.

Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент. 

Во законот е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат што можат маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30 до 40 проценти од цената. 

– Со ова решение е предвидена листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 проценти и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе ланците на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените, информираа од Министерството за економија.

Листата на земјоделски и прехранбени производи треба да биде донесена во рок од три месеци од денот на стапување во сила на законот, а добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи се должни  во рок од шест месеци да се усогласат со одредбите од законот. 

Законското решение обезбедува и поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која за прв пат добива и надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји-членки на ЕУ во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики.

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, се работи за системско решение кое е донесено за првпат во земјава и кое е во согласност со ЕУ директивите. 

Тој смета дека веќе е воспоставен ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава.

– Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период, кога нема нарушување на ланецот на набавка, дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници, изјави вчера вицепремиерот Битиќи по посетата на домашна компанија корисник на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

По престанување на важноста на мерката за гарантирани цени, Владата апелираше компаниите да бидат општествено одговорни и да не ги зголемуваат енормно цените на прехранбените производи по што дел од маркетите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава. 

Од 20 септември лани до 1 март годинава голем дел од прехранбените производи означени со „гарантирана цена“ се продаваа по цена за 10 денари пониска од износот утврден на 1 август. Мерката за „гарантирани цени“ не беше продолжена затоа што се очекува со Законот за нефер трговски практики да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата. 

МИА

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:донесенЗаконоткупувачитенефер трговски практикиусогласување
Претходен напис Николовски и Тренчевска на средби со жени земјоделци од Кавадарци
Следен напис Latest HR Online Casino Trends and Insights for 2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?