Домашна паштета од печурки и ореви, намаз што го сакаат дури и оние кои не постат.
Сезоната на Великиот пост секоја година го поставува прашањето: Можат ли посните оброци да бидат здрави и вкусни во исто време?
Овој намаз ги освои социјалните мрежи, кујните и канцелариите бидејќи е евтин, брз за подготовка и има вкус на деликатесен производ. Совршен е за брз појадок, здрава ужина за децата или за оние моменти кога сакате нешто убаво и домашно подготвено без да потрошите многу пари.
Зошто оваа паштета е толку популарна?Основата е печурки, ореви, кромид и лук и малку лимон – комбинација што дава полн, речиси „месен“ вкус. Оние што ја пробале велат дека е толку ароматична и кремаста што често ја јадат со лажица. Покрај тоа што е вкусна, таа е целосно на растителна основа, богата со растителни влакна и здрави масти, па затоа е исто толку добра и надвор од времето на пост. Идеален намаз е за сендвичи, тост, кифлички или како ужина за на работа.
Состојки:
250 г печурки
1 голема главица кромид
3 чешниња лук
100 г ореви (можете да користите и сончоглед за поевтина опција)
2–3 лажици масло
1 лажица соја сос (по желба, за побогат вкус
Сок од половина лимон
Сол и црн пипер
Мелена пиперка (чадена или обична)
Прстофат магдонос
Доколку е потребно, малку вода или посен маргарин за покремаста текстура
Подготовка:
Ситно исечкајте го кромидот и пржете го во масло додека не стане стаклест. Додадете ги печурките и пржете додека не ја испуштат водата и не ја впијат течноста.
Додајте го лукот и кратко пржете.
Додајте ги оревите и соја сосот, а потоа сè заедно уште една или две минути варете на оган. Тргнете го од огинот, додадете лимон, зачини и оставете да се олади.
Изблендирајте додека не добиете мазна, кремаста текстура.
Ставете во фрижидер најмалку 30 минути за да се соединат вкусовите.
Резултатот е кремаста паштета што може да стои во фрижидер до 5 дена која со текот на времето станува подобра.
