Сулејман Хусановиќ, кој живее во Сански Мост, во својата градина одгледал џиновска тиква, тешка дури 50 килограми.
Хусановиќ вели дека се работи за таканаречената „црна тиква“, која често се сретнува на тамошните земјоделски парцели, но оваа од неговата градина, покрај тоа што е многу голема, необична е и по својата долгнавеста форма.
Како што вели, голем број соседи го посетуваат за да се уверат во овој невообичаен плод бидејќи навистина е редок пример да се одгледа ваква џиновска тиква.

– „Семето го добив од еден колега од Австрија но досега не сум се сретнал со ваков производ. Моментално имам уште неколку „капиталци“ кои се тешки околу четириесеттина килограми, но оваа е најтешка и најнеобична“, вели Хусановиќ и додава дека од неа ќе зачува семе и следната година ќе насее малку поголем дел од градината.
Додава дека ужива во одгледување на овошје и зеленчук и дека има голем палстеник во кој поминува многу време.
– „За мене мојата градина и овоштарникот се вистински лек и терапија, бидејќи тука поминувам многу од слободното време. Кога ги сеев тиквите не очекував дека толкави ќе израснат, иако минатата година исто така беа големи. Оваа година пораснаа скоро двојно поголеми, на радост и на изненадување на целото семејство“, додава Хусановиќ.
Извор: nezavisne novine