Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доларот го презема приматот, еврото на најниско ниво за 16 месеци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доларот го презема приматот, еврото на најниско ниво за 16 месеци
Агровести

Доларот го презема приматот, еврото на најниско ниво за 16 месеци

Објавено 15/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци во однос на американскиот долар, откако новите податоци за инфлацијата во САД ги поттикнаа инвеститорите да вложуваат повеќе во американската валута. Според податоците од девизниот пазар Форекс, еврото во 14:30 часот се тргуваше за 1,11251 долари, објави „Трединг економикс“. Годишната инфлација во САД во септември достигна 3,7 проценти, над очекувањата на пазарот. Ова ги зголеми прогнозите дека Федералните резерви би можеле да ги задржат каматните стапки на сегашното ниво или дополнително да ги зголемат.

Таквите очекувања го прават доларот попривлечен за инвеститорите. Американските државни обврзници и другите финансиски инструменти деноминирани во долари можат да понудат повисоки приноси, што ја зголемува побарувачката за американската валута. Од друга страна, еврото е под притисок поради очекувањата дека Европската централна банка би можела да го одложи евентуалното ново зголемување на каматните стапки до декември.

Дополнителен ризик претставуваат инфлацијата, поскапото задолжување и можноста за забавување на економскиот раст во еврозоната. Загриженоста е засилена и поради фискалните проблеми на високо задолжените земји, особено Франција. Различните очекувања за монетарната политика на САД и еврозоната продолжуваат да влијаат врз движењата на девизниот пазар, при што доларот добива предност, а европската валута се соочува со зголемен притисок.

Извор: slobodenpecat.mk

Може да ви се допадне

Во Струмица ќе се одбележи Меѓународниот ден на руралните жени
Над 180 учесници на седмиот Конгрес на еколозите на Македонија во Струга
Отворање на првиот Едукативно – технолошки центар за развој на пчеларството во Македонија
Дел од општина Центар без вода, а без струја дел од Ѓорче Петров и Кисела Вода
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, суви коловози
Таг:Доларотнајниско нивоприматот
Претходен напис Во Струмица ќе се одбележи Меѓународниот ден на руралните жени
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2026: 360.000 денари за АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН во семејството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?