Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Документарецот за македонското село Слоештица на уметнички фестивал во Јапонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Документарецот за македонското село Слоештица на уметнички фестивал во Јапонија
Магазин

Документарецот за македонското село Слоештица на уметнички фестивал во Јапонија

Објавено 17/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Филмот за македонското село Слоештица кој е посветен на Ѓука и сите жени од Слоештица, оваа година е селектиран да биде дел од програмата на уметничкиот фестивал „Tiny Art Festival – SANYA“ во Јапонија, кој оваа година гочествува својот 20 – годишен јубилеј.

Како што наведуваат од соопштението, во периодот од 14-ти октомври до 15-ти декември, приказната за македонското село што полека исчезнува, за тутунот, печурките, валавиците, животните, пиперките, за животот и за смртта, богато илустриран со автентична музика од македонски автори и изведувачи, ќе се прикажува на четири различни сцени што се дел од фестивалската поставка.

-Се гордееме со успесите на сите уметници што биле наши гости, а сега се дел од големото семејство на културни амбасадори за Македонија на АРТ ПОИНТ – ГУМНО. Еве, дојде ред, за нашата Слојштица и Слојчани (буквално за „последните селани“ на Петре) да се прикажува и во Јапонија. Сепак, не можам да ја скријам и тагата што ме обзема поради фактот што сите овие преубави уметнички креации што го обиколуваат светот се инспирирани од една вистинска приказна што полека, но сигурно, исчезнува. Понекогаш си мислам дека сите тие се реквием за сето она што ние, СИТЕ НИЕ, не успеавме да го сочуваме – нашиот идентитет! Дај Боже да грешам!,  вели Ирена Андреевска, една од основачите и претседател на АРТ ПОИНТ – ГУМНО.

Елизабет Рос е една од најпроминентните мексикански уметници воопшто. Како што самата за себе вели: „таа е номад, но пред се мексикански уметник, ткајачка на средби, кураторка и исцелителка што од 1976 година постојано се бара и секогаш повторно се пронаоѓа себеси. Врзана е за уметноста и на тој начин избегнува бродоломи. Сè што знае и доаѓа по интуиција и од тврдоглавост, преку потреба и желба, потрага и откривање. Нејзиниот пат, преку сложените патишта на керамиката, ја навел да се закотви во примитивната едноставност но и во дигиталните технологии кои се можност за манипулирање со соништата…“

Преокупирана со повеќеслојното потекло на својот и со идентитетот на другите, Рос беше поканета на шестнеделен резиденцијален престој во АРТ ПОИНТ – ГУМНО, во Слоештица во август и септември 2010-тата година. За време на престојот, освен филмот “slow life” таа паралелно работеше и на неколку други проекти (сликање, инсталации, ритуален перформанс и сл.).

Овој културен настан е специфичен, бидејќи се организира во еден дел од Токио што историски, од „населба на отфрлените“ прераснува во „населба на благосостојбата“ со свој специфичен културен диверзитет поради фактот што во неа, главно, живеат странци.

Странците се и организатори на овој мултимедијален фестивал чија главна цел е, преку културни настани, „да фрли нова светлина“ на нив  во срцето на Јапонија. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ДокументарецЈапонијаСлоештица
Претходен напис ЦУК: Активен еден пожар, вчера регистрирани 39 пожари
Следен напис Намален водостојот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?