Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доделени 13 грантови за помош на локалните заедници во националните паркови Шар Планина и Маврово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Доделени 13 грантови за помош на локалните заедници во националните паркови Шар Планина и Маврово
Магазин

Доделени 13 грантови за помош на локалните заедници во националните паркови Шар Планина и Маврово

Објавено 03/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тринаесет локални организации кои делуваат во подрачјата на националните паркови „Шар Планина“ и Маврово добија вкупно 160 илјади евра за проектни активности. Локални организации ќе спроведуваат локални проекти за заштитата на животната средина и биолошката разновидност, одржливо користење на природните ресурси, недрвни шумски производи и туризам заснован на природа.

Денеска во Маврово беа потпишани договорите со избраните грантисти на настан кој е дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шар и Албанските Алпи“, имплементиран од CNVP и финансиски поддржан од PONT.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска ја потенцираше важноста на поддршката и соработката на сите чинители на регионално ниво.

– Искрено се надевам дека преку обезбедената поддршка на локалните заедници ќе се иницира социо-економски развој во полошкиот и мавровскиот регион, и ќе обезбеди директна поддршка на локалните невладини организации, заштитени подрачја, општини, мали и средни претпријатија и други локални заедници кои делуваат во регионот“, истакна Оџаклиеска.

Нехат Рамадани, директор на CNVP Северна Македонија, истакна „ПОНТ е стратешки донатор и во обраќањето напомена дека станува збор за значајна поддршка.

– Целта е да се задржи населението во руралните средини и да се запре иселувањето, да им се овозможи на жителите во планинските села да живеат достоинствен живот, да ги задржиме младите во своите домови, и да ги научиме како да живеат во хармонија со природата, рече Рамадани.

По потпишувањето на договорите беа претставени избраните проекти и ги запознаа присутните со она што треба да го реализираат во заштитените подрачја на Шар Планина и Маврово.

Корисници на потгрантови се локални организации регистрирани во заштитени подрачја на Националниот парк Шар Планина и Националниот парк Маврово. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:13 грантовиМавровопомошШар планина
Претходен напис УХМР: Октомври екстремно топол и сушен
Следен напис Започна Петтиот пчеларски саем во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?