Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Доцни жетвата на оризот – квалитетот задоволителен, цените ниски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Доцни жетвата на оризот – квалитетот задоволителен, цените ниски
Агровести

Доцни жетвата на оризот – квалитетот задоволителен, цените ниски

Објавено 02/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ситуацијата никако не може да се стабилизира. Работиме од година за година. Сега ова ќе го продадеме за да го платиме ѓубрето од лани и нафтата што сме ја земале. Ако остане за нас, ќе подмириме струја и вода“, велат производителите.

Земјоделците рекоа дека не се задоволни ниту од финансиската поддршка што од Министерството за земјоделство им беше понудена на неодамнешната средба со ресорниот министер.

– По средбата со министерот Хоџа заклучивме дека тие не можат да ни понудат помош за цената што ние ја бараме, со оглед што производните трошоци во моментот изнесуваат 23 денари за килограм арпа, а со вртоглавото покачување на цените на препаратите и вештачките ѓубрива ние веќе сме во загуба и со таа цена. Мерката што ни ја понуди ја имавме пред неколку години и со неа бевме уништени, со оглед што тогаш арпата се откупуваше по 24 денари, а по дадената субвенција од пет денари по килограм, откупувачите веднаш ја симнаа откупната цена на 18 денари. Оттогаш откупната цена никогаш не се покачи и сега сме во чиста загуба- истакна Тони Максимов од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

Од Инцијативниот одбор за заштита на оризопроизводството додадоа дека меѓу причините поради кои доцни овогодишната жетва на оризот е и задоцнетата сеидба затоа што водостопанското претпријатие не ја пуштило навреме водата во нивите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ориз
Претходен напис Времето денеска облачно и посвежо со врнежи од дожд
Следен напис Пчелите на покривот на Виенското собрание произведуваат 180 килограми мед годишно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?