Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Добре Николов производител на кајсии од Виничани: Оваа година сум презадоволен од родот, бeрбата е во полн ек и продажбата оди на големо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Добре Николов производител на кајсии од Виничани: Оваа година сум презадоволен од родот, бeрбата е во полн ек и продажбата оди на големо
Агровести

Добре Николов производител на кајсии од Виничани: Оваа година сум презадоволен од родот, бeрбата е во полн ек и продажбата оди на големо

Објавено 26/06/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарот на село Виничани се наоѓа насад од 1ха под кајсии на земјоделскиот производител Добре Николов. Вреден и искусен овоштар од кого учат бројни овоштари во околината и чие семејство секојдневно е на плантажите со кајсија. Насадот е подигнат пред 12 години, а производството на кајсии е нивен семеен бизнис кој го работат сериозно, со љубов, знаење и вложувања во современи агротехнички мерки.

Денес располага со еден хектар површина со кајсија од сортите „Роксана“ и половина хектар како што ја нарекува тој „грчка сорта“. Како што ни раскажа нашиот соговорник за да може да произведе овошје со одличен квалитет, мора многу да се внимава на начинот на одгледување и следење на современите технолошки процеси.

– Оваа година сум презадоволен од родот, бeрбата е во полн ек и продажбата оди на големо. За да го постигнам сево ова и да добијам квалитет ги обработувам домаќински и ги заштитувам навреме. На средината на февруари започнувам со прво прскање и внимателно ја следам состојбата на терен, ништо не смее да им недостига. Ги применувам сите агротехнички мерки орање, кроење и секако редовно ги наводнувам, објаснува Николов.

Според него кајсијата е дефицитарно овошје кое освен новите начини на одгледување и новите сорти треба повеќе да се одгледува. Еден од насадите е во 12 година, а дел има засадено пред 7 – 8 години.

– „Насадите од кајсија ми се на сопствени површини. Оваа година имаме род од околу 25 тона од хектар што е идеално додека лани имавме род од 15 тона, а пред две година родот достигна и до 30 тони по хектар што е исклучетелно охрабрувачко за нас“, смета тој.

Добре Николов е корисник на субвенции, вели задоволен е од поддршката која ја добиваат но истите треба да се исплаќаат во време кога најмногу им се потребни на овоштарите, на почетокот на годината кога треба да започнат со агротехнички мерки, а не како што е случај исплатата да се врши во мај или јуни.

– „Огромен проблем е периодот на исплата на субвенциите, не може да ги добивам во мај кога јас почнувам со работа на плантажите во јануари, треба да се изора, да се стави ѓубриво, мораме да плаќаме од заштеденото па да чекаме субвенции да добиеме на лето. Ова треба да се регулира и субвенциите да ги добиваме порано“ смета овој вреден овоштар од Виничани.

Вели дека кајсијата ја продава на откупните пунктови во Росоман по цена од 65 денари за килограм, задоволен е многу, додека минатата годин кајсијата се продавала по 50 денари за килограм.

Според експертите, нашата земја има идеални услови за одгледување на кајсија и земјоделските производители треба да инвестираат во подигање на нови модерни насади, а во тоа секако може да им помогнат и фондовите од ИПАРД кои им стојат на располагање.

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7.

Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата.

Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.

Преку оваа мерка можете да инвестирате во повеќегодишни култури, овоштарници, вклучувајќи трпезно грозје и маслинови дрвја, лозови насади. Како прифатливи трошоци се вклучени сите активности во подигнување на насадот, од подготовка на земјиштето, набавка на садници, системи за наводнување, заштитни мрежи и друго.

Плодовите од кајсија имаат голема употребна вредност бидејќи се користат и како трпезно овошје и како суровина за различни видови преработка. Кајсијата брзо созрева и со соодветна технологија на производство дава високи приноси. Исто така, предностите на кајсијата се што е отпорна на суша и помал број заштитни прскања. Кајсиите целосно созреваат во петтата година, во јуни и јули. Просечниот принос по дрво е околу 35-60 кг плодови.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:бeрбатаВиничаниДобре Николовкајсиипрезадоволенпроизводителродот
Претходен напис ЦУК: Невреме и штети во Светниколско и Неготинско, четири пожари на отворено
Следен напис До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?