Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, информираат дека до крајот на оваа недела ќе има исплата од 3 денари за килограм предадена или складирана пченица во период од 15 јуни до 31 август. Поддршката е од интервентниот фонд.
„По доставените материјали од извршните надзори од Државниот инспекторат за земјоделство, административно се обработени сите субјекти кои имаат предадено или складирано пченица во период од 15 јуни до 31 август 2023 година. До крајот на неделата сите субјекти кои ги исполнуваат условите, односно се земјоделски стопанства кои пријавиле површини со полјоделски култури за програмата за финансиска поддршка во земјоделството ќе добијат субвенција од 3 денари по килограм продадена или складирана пченица“ – изјави за Агротим, директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.
