Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: До 25 декември е ПРИЈАВУВАЊЕ за дополнителни директни плаќања за ОВОШТАРСТВО за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > До 25 декември е ПРИЈАВУВАЊЕ за дополнителни директни плаќања за ОВОШТАРСТВО за 2025 година
Субвенции

До 25 декември е ПРИЈАВУВАЊЕ за дополнителни директни плаќања за ОВОШТАРСТВО за 2025 година

Објавено 18/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 25 декември 2025 година ќе можат да поднесат барања за дополнителни директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

Подмерка 1.7 „Дополнителни директни плаќања од подмерката 1.6. за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи“

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои произведените праски, вишни, малини, капини, аронија, гоџи бери, кајсии, јагоди, калинки и лешник ги предале во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 до 25 декември 2025 година, освен за лешник каде периодот е од 15.09.2024 до 31.03.2025 година.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои произведеното јаболко го предале во преработувачки капацитет или кај регистриран откупувач директно или преку еден регистриран откупувач за период од 15 август 2024 година до 30 јуни 2025 година.

Висината на поддршката изнесува 3 денари по килограм за сите овошни култури освен за малина и лешник каде поддршката изнесува 5 денари по килограм и за јаболка каде поддршката изнесува 2 денари по килограм.

 

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку имаат потреба од помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.

Линкот за пристапување до апликацијата е: www.ipardpa.gov.mk – Директни плаќања е-субвенции.

Со отварање на овој линк, во полето „Известувања/упатства“ достапни се деталните упатства за поднесување на барањето, Листата на потребни документи како и Програмата и Уредбата за директни плаќања во кои детално се претставени условите и висината на финансиската поддршка.

За две минути станете сопственик на ДАЈНЕРС картичка и купувајте на 9 РАТИ БЕЗ КАМАТА во ХЕМОМЕТАЛ

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:Земјоделципријавувањесубвенции
Претходен напис Во октомври намалени цените кај растителното производство, зголемени кај сточарството
Следен напис УХМР: Облачно со локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?