Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поскапува за 14,5 денари, РКЕ ги објави новите цени!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поскапува за 14,5 денари, РКЕ ги објави новите цени!
Агровести

Дизелот поскапува за 14,5 денари, РКЕ ги објави новите цени!

Објавено 09/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година.

Од 10 март 2026 година од 00:01 часот ќе важат нови максимални цени на горивата.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.

Најголем скок има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе чини 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија посочуваат дека поскапувањето е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според пресметките, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.

Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврденото ниво.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:бензинскитеДизелотновите ценипоскапуваРКЕ
Претходен напис Инфлацијата во февруари во однос на јануари 0,2 проценти
Следен напис Стапката на невработеност лани 11,5 проценти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?