Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дизелот поскапува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за половина денар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дизелот поскапува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за половина денар
Агровести

Дизелот поскапува, а ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за половина денар

Објавено 23/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, поевтинува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за половина денар за литар и ќе изнесува изнесува 59,5 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува 61,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за половина денар за литар и ќе чинат по 51,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,099 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,481 денари.

Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референетни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена на бензинот во просек за околу 2,138 отсто, зголемената кај дизелот во просек за околу 1,448 отсто, како и за 0,185 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бензиндизелцена
Претходен напис ЈП „Стрежево“ ја намали цената на пастрмката
Следен напис Наместо по површина, земјоделските субвенции да се даваат по предаден килограм производ, бара Стопанската комора
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?