Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дивите свињи направија големи штети на пченката и компирот во повеќе села во Кичевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дивите свињи направија големи штети на пченката и компирот во повеќе села во Кичевско
Агровести

Дивите свињи направија големи штети на пченката и компирот во повеќе села во Кичевско

Објавено 04/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Недостигот на храна во природата и сѐ поголемата нивна бројност, придонесоа дивите свињи во повеќе села во Кичевско да направат вистинска пустош во пченките и на дел од површините засадени со компир.

Земјоделците се крајно разочарани од оваа појава, која им ја одзема можноста она што го засеале за сопствени потреби или за продажба, да не можат да го обезбедат од овие причини.

– Пченката што пролетва ја засеавме за прехрана на нашиот добиток, предвреме ја собраа дивите свињи и уште несозреана веќе ја уништија 50 проценти. И наместо есенва да ги добиеме планираните количества на пченка во зрно, приносите ќе бидат далеку помали – вели земјоделец од село Лисичани.

Иста или слична е состојбата и во останатите села во овој регион Дворци, Ижишта, Пласница, Светорача, Речани и др.

Толку се слободни дивите свињи што почнаа да влегуваат во засеаните ниви и во самите села.

– Порано дивата свиња беше плашливо животно и не помислуваше да се доближи до некоја селска населба. Но денес дефицитот на храна во природата ги присили да влегуваат и во самите села и да влезат во пченките што се во непосредна близина на селските куќи. Сме се обидувале на повеќе начини да ги одвикнеме од оваа агресија, но сите наши обиди не дадоа резултат – вели Тоде Николоски жител на село Светорача, на кого дивите свињи му ги уништиле пченките буквално во самиот двор.

Ловџиите имаат одговор зошто дивите свињи станаа толку бестрашни и не бираат начин да дојдат до храна.

– Бидејќи имавме екстремно топло лето што предизвика желадот да се исуши, а тоа придонесе храната за дивите свињи драстично да се намали, а познато е дека желадот е главната храна на дивите свињи. Ништо помал проблем не е енормната нивна бројност во природата, што придонесува и потребите на храна во целост да се зголемат и проблемот го решаваат со влегување во пченките и компирите кои селаните ги засеале за сопствени потреби – вели искусниот ловџија, Даме Петрески.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Диви свињи
Претходен напис Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за два денара
Следен напис Од 1 декември само биоразградливи кеси кои ќе чинат 15 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?