Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, г-дин Васе Анакиев, денес заедно со државните инспектори спроведе вонредни инспекциски надзори во поглед на откупот на суров тутун во лист.
Контролите беа извршени кај повеќе откупувачи и откупни пунктови на територијата на Прилепскиот регион, со цел проверка на законитоста и регуларноста на процесот на откуп на суров тутун. Инспекциските надзори се спроведоа согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Во спроведените контроли беа утврдени повеќе неправилности кои се спротивни на законските одредби, за што ќе бидат преземени соодветни мерки и процедури предвидени со важечката законска регулатива.
Државниот инспекторат за земјоделство продолжува активно и посветено да работи во насока на зголемување на транспарентноста, правичноста и заштитата на интересите на земјоделските производители, како и обезбедување фер и законски утврден процес на откуп на земјоделските производи.
Фејсбук статус на ДИЗ
