Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на Царинска управа: Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на Царинска управа: Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот
Агровести

Директорот на Царинска управа: Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот

Последна измена: 10/06/2025 13:53
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска на прес-конференција.

Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, вели директорот Николовски, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ.

Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

„Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани“, истакна Николовски.

Поголемата ефикасност и професионалност на Царинската управа, вели, е повеќе од видлива. Нагласи дека ваквите успешни резултати значат побезбедно општество, и значат повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.

Може да ви се допадне

На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 20 минути
Денеска се одбележува денот на светите апостоли Петар и Павле (Петровден)
Трипуновски во Чешиново Облешево на средба со оризопроизводителите
Локализиран пожарот кај Бешиште, Мариово, смирена ситуацијата на депонијата во Долнени
Авионско прскање против комарци во Делчево утре
Таг:177 милиони евра20 процентивозилаувозЦаринската управа
Претходен напис Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Следен напис Во Берово започна пријавувањето за штети од невремето со врнежи од град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?