Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”
Агровести

Директорот Бабовски, учесник на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”

Објавено 24/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски,  учествуваше на конференцијата “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, која од 21 до денес се одржуваше во Брисел, Белгија.

На маргините на конференцијата, во рамки на состанокот со земјите од Западен Балкан и Република Туркије, тој оствари средба со Викторија Виламар, раководител на Одделот за соработка и комуникација на Европската агенција за безбедност на храната- EFSA, во чија организација, се одржа конференцијата, заедно со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (ЕЕА), Европската агенција за лекови (ЕМА) и Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC).

Во рамки на четирите тематски сесии – (ONE Life, ONE Planet, ONE Society and MANY Ways), секоја фокусирана на специфични аспекти на безбедноста на храната,  акцент на конференцијата беше ставен на состојбата со безбедноста на храната и добиточната храна, како и  на перспективата на одржливите прехранбени системи, фокусирајќи се на потребата од спроведување на пристапот „Едно здравје – една животна средина“ и истражување на можниот развој на науката за проценка на ризик. На завршната пленарна сесија на конференцијата се дефинира стратешката насока за тоа како дополнително да се унапреди безбедноста на храната.

Соработката и партнерството за поодржлива Европа се основите на четиридневната конференција “Едно – здравје, животна средина, општество – 2022 година”, на која беа споделени голем број научни знаења и искуства и на која се отвори и дебата за клучните теми од политичката агенда на ЕУ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбабовскиживотнисистем
Претходен напис Николовски на Г7: Светот во потрага по решение за глобалниот недостаток на храна
Следен напис Одлична мерка за земјоделците на возраст до 40 години: Првите три години се ослободени од плаќање закупнина за државна земјоделска земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?