Првата кредитна картичка е создадена во САД во 1949 година и тоа сосема случајно.
Познатиот американски бизнисмен Frank McNamara отишол на вечера со своите партнери. Кога посегнал по сметката, сфатил дека го заборавил паричникот. Пребарувал по џебовите, чувствувал непријатност и се извинувал. На крај, одлучува да ја побара неговата сопруга да побрза и дојде во ресторанот да ја подмири сметката. Овој повик го поттикнало да дојде до идеја да создаде ново платежно средство – картичка што ги заменува парите.
Само една година подоцна, на 8ми февруари 1950 година, тој се вратил во истиот ресторан и платил за вечерата со картонски прототип на првата картичка на Diners Club. Овој настан е запаметен како Првата вечера бидејќи го означи воведувањето на првата мултифункционална платежна картичка во светот.

Diners Club им дозволи на тогаш малиот број членови да плаќаат со кредитната картичка во 14 ресторани и 2 хотели во Њујорк.
Картичките на Diners Club продолжуваат да придружуваат милиони членови во авантурите низ светот, како и во уживањето во нивниот секојдневен живот. Иако картичките направени од еко-рециклирана пластика одамна ги заменија картонските, а бројот на прифатени продажни места на глобално ниво надмина повеќе милиони – суштината на 75 годишната традиција останува непроменета.
Вредноста на Diners Club се заснова на создавање вистински придобивки и уникатни искуства кои ги споделуваме заедно.
Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата уште од 1996 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија.
Во декември 2020 година, Diners Club Македонија за прв пат станува директен сопственик на франшизата, со склучување на франшизен договор со Diners Club International Ltd. како компанија за директни банкарски и платежни услуги. Со тоа Diners Club Македонија го презема ексклузивното право за издавање на Diners Club картички во Република Северна Македонија.
Речиси и да не постои производ или услуга што не може да се плати Diners Club кредитна картичка, благодарение на одлично развиената продажна мрежа во земјата и светот која постојано се зголемува.
Во Македонија со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа на рати и рати без камата во повеќе од 5.000 продажни места и преку 7.540 POS терминали. Семејството на Diners Club Македонија брои над 15.000 активни корисници, а компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги и 24/7 корисничка поддршка за своите членови.
Благодарение на одличните резултати, изградената репутација и големите вложувања и активности на пазарот, во 2022 година Diners Club Македонија добива дозвола за откупување на франшизните права за проширување во четири земји, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.
