Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски во Ресен: Од почетокот на годината се исплатени над 1.6 милијарди денари за субвенции за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски во Ресен: Од почетокот на годината се исплатени над 1.6 милијарди денари за субвенции за земјоделците
Агровести

Димковски во Ресен: Од почетокот на годината се исплатени над 1.6 милијарди денари за субвенции за земјоделците

Објавено 06/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со градоначаникот на општина Ресен, Живко Гошаревски. На состанокот се разговараше за идните политики за развој на земјоделството со посебен акцент на овоштарството како и за можните локации во Ресен кадешто е планирана изградба на откупно-дистрибутивен центар.

Министерот Димковски воедно информираше дека денеска се исплатија над  391 милиони денари на 9.545 земјоделци кои имаат овошни насади со јаболка, сливи, праски, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. 

„ Од почетокот на оваа година до денеска се исплатени над 1,6 милијарди денари субвенции за градинарите, полјоделците, лозарите и овоштарите денеска. Исплатата на субвенциите за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство за 2019-та, продолжува и во следниот период, навреме пред почетокот на производствената сезона на земјоделските култури.Ова се субвенции коишто се за мерките од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2019-та година“,  изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека според Програмата за 2018 година токму за овој регион се исплатени близу 438 милиони денари или над 7,1 милиони евра, за субвенции за мерките од Програмата за 2018 година.  

На денешната средба со градоначалникот на општина Ресен, се разговараше и за

И за објавениот оглас за „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“, односно новиот модел за заштита од временски непогоди, кои предизвикаа големи штети врз земјоделските посеви во преспанскиот регион.

УХМР веќе го објави јавниот оглас за  „ Услуги за модификација на време со авионско засејување“. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедени 60 милиони денари со вклучен ДДВ.

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.

Се работи  за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку  авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и  порационална заштита на земјоделските посеви од град. Министрството за земјодлство,шумарство и водостопанство секогаш работи во полза на земјоделците.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Димковски во РесенИсплатени 1.6 милијарди денари за субвенцииМинистерот Трајан Димковски
Претходен напис Плетвар блокиран, километарски колони и нервозни возачи
Следен напис Бачовски: Сите млади кои работат во секторот земјоделство од наредната недела ќе добиваат по 3000 денари од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?