
Се наоѓаме во вонредна состојба, но тоа не значи дека треба да сопрат земјоделските активности и работата на министерството и другите надлежни институции во делот на сервисирање на услугите кон земјоделците. Платежната агенција и во овој период како и досега, продолжува со редовна исплата на субвенции, изјави на прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и додаде дека МЗШВ интензивно работи на изнаоѓање на решенија за двата во моментов најгорливи проблеми, а тоа е откупот на јагнињата и транспортот на стоки.
Напишете коментар