Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски од Ресен: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски од Ресен: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје
Агровести

Димковски од Ресен: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје

Објавено 03/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Трајан Димковски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски денеска беа во посета на Општина Ресен и преспанскиот регион.

Во Преспа се наоѓаат најголемите овошни насади со познатото препанско јаболко. Во овој регион има многу земјоделци кои одгледуваат јаболко и други овошни видови и се директно засегнати од мерките кои оваа Влада и МЗШВ ги превземаат за заштита, унапредување и развој на овоштарството во нашата држава.

Министерот ги информираше земјоделците дека, МЗШВ вчера доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје, што е од особено значење за производителите на јаболка, бидејќи значително ќе им биде олесната работата. Средставата за оваа набавка се обезбедени преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства.

„Кофинансирањето ќе биде од 50% до 75%, а со набавка на овие пластични гајби кои се со капацитет до 20 килограми, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот  и складирањето на јаболката. Пластичните гајби се многу полесни од дрвените, но истовремено се и полесни за одржување, особено во одржувањето на хигиената. Секако останува и понатаму да тече редовната набавка на бокс палети со капацитет од 300 килограми“ изјави министерот Димковски при денешната посета на Општина Ресен.

Една од целите за модернизација на земјоделското производство беше  и инвестицијата за набавка на современ систем за заштита од град, бидејќи стариот начин на заштита беше застаран и недоволно ефикасен.

МЗШВ заедно со УХМР неодамна започна да ја применува оваа нова метода на засејување на градонoсните облаци со сребрен јодид.

Во последниот период беа извршени повеќе успешни интервенции, на територијата на целата држава со што успешно беше спречена појава на град, а со тоа беа заштитени земјоделските насади и трудот на земјоделците. Преспанскиот регион беше една од локациите каде се дејствуваше со авионско засејување на градоносните облаци, што допринесе да се заштитат овоштарниците со јаболка.

Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски и директорот на УХМР Ивица Тодоровски искажаа благодарност до Владата и МЗШВ за мерките кои беа превземени во изминатиов период, во насока на заштита на земјоделското производство.

Земјоделците веќе го гледаат бенефитот од добрите политики на оваа Влада, грижата и понатаму продолжува.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:берба на овошјемзшвРесенскладирање на овошјеТрајан Димковски
Претходен напис Половина милион луѓе се колнат дека овој трик делува: Во лимонот ствете го овој зачин и комарците и мувите ќе бегаат од вас!
Следен напис Известување за достава на барања за проценка на штети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?