Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: Ги замолувам за трпение тутунопроизводителите, субвенциите во висина од 31,5 милиони евра за тутунот ќе се исплатат штом ќе се создадат услови за тоа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски: Ги замолувам за трпение тутунопроизводителите, субвенциите во висина од 31,5 милиони евра за тутунот ќе се исплатат штом ќе се создадат услови за тоа
Агровести

Димковски: Ги замолувам за трпение тутунопроизводителите, субвенциите во висина од 31,5 милиони евра за тутунот ќе се исплатат штом ќе се создадат услови за тоа

Објавено 09/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Од почетокот на годината до март месец, пред прогласување на вонредната состојба во државата, исплатени се 60 милиони евра за сите земјоделци за основни субвенции по површина и грло. Следно според динамиката на исплата на Платежната агенција е исплатата за тутунот што е во висина од 31, 5 милиони евра. Но таа планирана динамика е забавена, многу фирми, го редуцираат производството, некои фирми поради појавата и воопшто не работат па приливот на средствата во буџетот на РСМ е значително намален – изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски во денешното гостување на Радио Пела.

– Што треба да знаат тутунарите, дека буџетот на РСМ е над 4000 милијарди евра, но тие пари не ги имаме во јануари па ќе ги делиме во текот на годината, туку се прибираат парите во буџетот во текот на годината од сите даночни обврзници. До пред појавата на пандемијата со Корона вирусот, се’ одеше според планот, односно динамиката на исплата, што покажува и исплатените 60 милиони евра за земјоделците. Но сега имаме значително, драстично намалување на приливот на пари во буџетот бидејќи фирмите или не работат воопшто или работат со минимален, намален капацитет. Исто така и граѓаните не трошат како пред вонредната состојба во државата. Во вакви услови кога здравјето на граѓаните е најважно, приоритет во ребаланс на буџет ќе има министерството за здравство, а потоа се друго – изјави Димковски и додаде дека ќе се направи се да се исплатат субвенциите.

Ние ќе направиме се што е во наша моќ, колку може побрзо да ги исплатиме субвенции за тутунот, но ве молиме сепак да имате трпение и да покажете разбирање за новонастанатата состојба. Оваа Влада исполни се што вети, па така и оваа обврска ќе ја исполниме – изјави Димковски.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Со помош од државата винарските визби ќе го откупат целото винско грозје
(ВИДЕО)Јанчев: Откупот на грозјето е почнат, да нема параноја, оваа година организацијата е на ниво!
Поради сушата некои култури повеќе нема да напредуваат во некои региони, предупредува извршната директорка на Европската агенција за животна средина
ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Таг:исплатамеркиТрајан Димковски
Претходен напис МЗШВ: Извозот на свеж зеленчук и овошје во март годинава бележи пораст, споредено со истиот период лани
Следен напис Пачешкоски: Важно соопштение за земјоделците од Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?