
Близу 80 отсто од планираниот откуп на тутун од реколтата 2019-та е веќе завршен. Откупот се одвива непречено на сите откупни пунктови во земјава.
Денеска бевме во посета на откупните центри за тутун на Тутунскиот комбинат Прилеп и во с. Мало Коњари, прилепско. Досега се откупени 20 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 222, 5 денари за килограм, што е највисока просечна откупна цена во последните шест години.
Покажавме што значи вистинска грижа за извозно-оринетираните земјоделски гранки, како што е тутунопроизводството. Владините политики и новиот модел за зголемени субвенции за оваа наша традиционална култура даваат позитивни резултати.
Фејсбук статус на Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Напишете коментар