Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп, секој килограм произведен тутун ќе биде откупен


Секој килограм произведен тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупен, порача на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

Досега 93,4 отсто од произведениот тутун е откупен, а до крај на месецот, додека е и законскиот рок остануваат уште околу 7 отсто тутун за откуп, којшто во целост ќе биде откупен. Државниот инспекторат за земјоделство има засилени контроли на терен, и доколку се утврдат неправилности при откупот, ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

„Тутунарите нема да бидат оставени на цедило. Ги повикувам тутунопроизводителите да не потпаѓаат под манипулации, затоа што откупот законски трае до 29-ти феврурари, и до тогаш се ќе биде откупено. Просечната откупна цена во моментов е 220,8 денари за килограм што е највисока просечна откупна цена досега. Лани беше 214,2 денари за килограм, а во 2017-та просечната откупна цена беше 217, 5  за килограм. Во 2015-та година просечната откупна цена беше 184 денари за килограм, а во 2016-та, 196,8 денари. Ако се вратиме во 2014-та просечната откупна цена била 117,2, што е најниска просечна откупна цена од 2006 наваму“, изјави министерот Димковски.

При тоа, Димковски посочи дека од 2017-та година, во овие три реколти дури над 30 отсто од тутунот е проценет на прва класа.

За споредба, во однос на проценката на тутунот, во 2015-та само 12 отсто од тутунот бил проценет како прва класа, а во 2016-та година, само 16 отсто.

Вредноста на откупениот тутун во моментов е над 5,4 милијарди денари, што е двојно повеќе од 2014-та, кога вкупната вредност на откупениот тутун била само 2,9 милијарди денари. Сите овие податоци се доволен доказ за домаќинското и одговорно работење на министерството, во овие две и пол години, тутунопроизводителите знаат кој вистински се грижи за оваа стратешка гранка, потенцираше министерот Димковски на денешната прес-конференција.

Фев 3, 2020agrotim2
АХВ:Во земјава нема небезбеден мед увезен од Кина, се продава и се увезува само квалитетен и безбеден мед(ВИДЕО) РСЕ: Брегзитот и берачите на јагоди од Бугарија

Напишете коментар Откажи одговор

03/02/2020 Агровестимзшв, Министерот Трајан Димковски, Секој килограм тутун ќе биде откупен383

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019