Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Димковски: Целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во вечерашната дебата на Телевизијата 24 порача дека целокупното производство на тутун од реколатата 2019-та ќе биде откупено.

Тој потенцираше дека на денешниот состанок со тутунските откупни претпријатија се отворило прашањето за откупот на тутун и барањата на тутунопроизводителите.

„ Од почетокот на откупот на тутун сме на терен, во комуникација сме со тутунопроизводителите и со тутунските откупни претпријатија. Она што беше укажано од страна на тутунопроизводителите дека има одредени линии кои не се исти како претходните во однос на класите. На состанокот со тутунските претпријатија разговаравме за окупот, и договоривме дека сите што имаат над договореното производство ќе биде откупено истото, и целокупното производство на тутун од реколтата 2019-та ќе биде откупено“, изјави министерот Димковски.

Досега се откупени над 20,4 милиони килограми во вредност од 4,5 милијарди денари. Од страна на откупните претпријатија исплатени се 4,2 милијарди денари. Просечната откупна цена е 222,5 денари за килограм, што е највисока откупна цена во последните шест години. Просечната откупна цена за тутунот од реколтата 2018-та беше 214,2 денари за килограм, а за реколта 2017-та беше 217,5 денари за килограм. Во овие три години, споредено со реколтите 2014 и 2015 година, ова се највисоките просечни откупни цени. Според статистичките податоци, реколтата 2014-та откупната цена била 117,2 денари за килограм, а 2015-та 185 денари за килограм. Со цел стимулирање на квалитетот, со новиот модел за зголемени субвенции што МЗШВ го воведе, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Јан 13, 2020agrotim1
Важно за оние што планираат преку ИПАРД да вратат 60% од инвестицијата за подигнување нов овошен насадВо реони во Србија прогласена зараза од „Aфриканска свинска чума“

Напишете коментар Откажи одговор

13/01/2020 Агровестоткуп, просечна, реколта, тутун, цена2,192

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019