Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ
Агровести

Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ

Објавено 16/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во рамките на пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон учествуваше на тркалезна маса, на која беше претставена петгодишна програма за развој на капацитетите на нов регионалниот центар за техничка помош на Меѓународниот монетарен фонд за Југоисточна Европа (SEETAC).

Центарот, чие почнување со работа е предвидено најдоцна до јануари 2027 година, како што се наведува во соопштението од Министерството за финансии, ќе биде дел од глобалната мрежа на ММФ за развој на капацитети и ќе обезбедува поддршка за шесте земји од Западен Балкан и Молдавија во зајакнување на институциите, креирање политики и спроведување реформи во согласност со европските стандарди.

Министерката Димитриеска-Кочоска на состанокот истакнала дека воспоставувањето на SEETAC претставува значаен чекор за продлабочување на соработката со ММФ за унапредување на економското управување во регионот.

– Како земја даваме јасна и силна поддршка за формирањето на овој регионален центар, кој ќе биде важен инструмент за забрзување на реформите и зајакнување на институциите. Преку SEETAC ќе се обезбеди пристап до врвна експертиза и практична техничка помош, што директно ќе придонесе за поефикасни политики, стабилни јавни финансии и поголема економска отпорност. Ова е значајна инвестиција во капацитетите на регионот и во нашата европска перспектива- посочила министерката.

Во рамки на дискусијата била нагласена потребата од понатамошно зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на управувањето со јавните финансии, како предуслов за одржлив економски раст и побрза интеграција во Европската Унија.

Овој ангажман, како што истакнуваат од Министерството за финансии, е силен и во континуиран раст, особено во контекст на реформите поврзани со пристапувањето во Европската Унија.

Во рамки на првата фаза од работењето, SEETAC ќе се фокусира на зголемување на фискалниот простор, подобрување на прибирањето приходи, зголемување на ефикасноста на јавната потрошувачка, зајакнување на монетарните и финансиските политики, како и унапредување на статистиката и аналитичките капацитети.

Центарот ќе обезбедува континуирана поддршка преку резидентни советници,  експерти, обуки, работилници и регионални иницијативи, со цел поефикасна имплементација на реформите и засилена регионална соработка.
На состанокот беше истакната и важноста од партнерството меѓу земјите членки, ММФ и донаторите, при што беше посочено дека вкупниот буџет за првите пет години изнесува 70,4 милиони долари.

Во рамки на Пролетните средби, министерката за финансии учествуваше на состанокот на Холандската конституенца, во чии рамки членува нашата земја, заедно со уште 15 земји – Кнежевството Андора, Ерменија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Хрватска, Кипар, Грузија, Израел, Луксембург, Република Молдавија, Црна Гора,  Романија, Холандија и Украина.

На состанокот, како што е наведено во соопштението, станало збор за предизвиците со кои се соочува светската економија, геополитичките тензии и зголемената неизвесност. Притоа било истакнато влијанието од конфликтот во Украина, како и воените операции на Блискиот Исток,  особено преку директното влијание врз цените на нафтата и гасот и преку нарушување на важните трговски рути, како и за мерките и политиките за справување со влијанието.

Димитриеска-Кочоска во Вашинтон остварила средби и со претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и корпорации. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Димитиеска-КочоскаЈИЕММФреформи
Претходен напис Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки
Следен напис Трипуновски: Се следи откупот на оризовата арпа, никогаш оризопроизводителите не биле оставени сами на себе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?