Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дигиталното земјоделство – можност за остварување поголем профит на земјоделците!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дигиталното земјоделство – можност за остварување поголем профит на земјоделците!
АгровестиРурален Развој

Дигиталното земјоделство – можност за остварување поголем профит на земјоделците!

Објавено 10/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дигитализацијата на земјоделството може да биде спас за краткорочно зголемување на продуктивноста на земјоделското производство.

 Многу други решенија овозможуваат долгорочно подобрување на продуктивноста, но честопати се потребни и повеќе од 10 години за да се видат конечните резултати.

Искуството покажа дека земјоделците ја зголемуваат профитабилноста од 50 до 100% веќе во текот на првите две години со користењето решенија за дигитално земјоделство.

Од планирање на производството до продажба

Дигиталните решенија носат големи придобивки и ја избегнуваат тројната загуба што земјоделецот најверојатно ќе ја има веќе во текот на првата година. 

Првата загуба ќе ја почувствува при  планирање на производството. Без прецизни податоци за квалитетот на почвата и реалните потреби на земјоделските култури, не е можно оптимално да се пресметаат потребните средства за престојната сезона..

Многу студии докажаа дека, дигитализацијата и прецизното земјоделство ги намалуваат загубите на ѓубривата дури до 30%.

Втората загуба се случува во текот на сезоната. Главно е предизвикана од погрешна проценка на земјоделците, кога станува збор за примена на земјоделски практики. Одложената заштита на земјоделските култури од штетници и болести е одговорна за дури 20 до 40 проценти од загубите на приносите секоја година, и ова е само еден од факторите што влијаат на приносите.

Специјалните софтвери наменети за земјоделството се корисни за земјоделците при донесување на навремени одлуки засновани врз факти и реалната состојба на нивите. На пример, ги следат временските услови на терените и ги предупредуваат земјоделците ако постои ризик од лошо време, штетници или болести.

Конечно, земјоделците  трета загуба ја имаат при  продажбата на своите производи бидејќи цената на нивните култури зависи од реалниот квалитет и способноста да се гарантира безбедност на храната. Купувачите и трговците на мало во европските земји сè повеќе бараат докази за следење на храната. Производителите мора да покажат кога и каде е засадена секоја култура, како се третирала и каква е нејзината хранлива вредност. Без дигитализација на секоја фаза, не е можно овие податоци да се прикажат транспарентно.

Софтверот AGRIVI е едно од водечките глобални решенија за управување со земјоделското производство ширум светот, и се користи во повеќе од 100 земји. Овој софтвер го користи и Хрватска, и тоа на хрватски јазик. Достапен е на компјутер и на паметн телефон и е лесен за употреба. Земјоделците треба да се регистрираат само преку веб-страницата AGRIVI, да ги внесат своите ниви, по што секојдневните увиди стануваат видливи во реално време.

Мотивацијата за користење на ваквите софтвери е едноставна: зголемен профит за земјоделецот од 50 до 100% односно повеќе пари во неговиот џеб.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:дигитално земјоделствопоголем профитсофтвер
Претходен напис И тоа се случи, за прв пат во историјата на американската берза се тргува со вода
Следен напис Како најдобро се чува сушеното овошје?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?