Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
Агровести

Девет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Објавено 27/06/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Девет пожари на отворено и неколку помали интервенции се евидентирани изминатото деноноќие ширум државава, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Запалена била ниска вегетација кај село Љубетен, општина Бутел. Горела ниска вегетација и покрај автопатот Скопје – Тетово, општина Сарај. Кај село Конче, општина Радовиш, гореле депонија, стрништа и грмушки. Во општина Струмица, кај село Доброшинци, се интервенирало на запалена ниска вегетација. Во општина Кавадарци, кај месноста „Танкото Патче“, пожарникари гаснеле опожарена ниска вегетација. Во општина Свети Николе, до градот, имало пожар на депонија и на мал дел ниска вегетација. Во општина Пробиштип, кај селото Ратавица, се интервенирало на опожарени земјоделска површина под житна култура, нискостеблести растенија и ниска вегетација. Во општина Пробиштип, кај селото Дреново,  запалени биле нискостеблести растенија, ниска вегетација, лозје.

Како што информираше ЦУК, регистрирани биле 2.388 повици на 112 изминатите 24 часа.

Од нив, како реални биле категоризирани 60,55 отсто, а 39,45 проценти за други потреби на граѓаните. Кон полицијата биле упатени 47,84 отсто, кон Итната медицинска помош – 18,40 проценти, кон пожарникарите – 4,55 отсто, а кон АМСМ – 0,22 проценти.

По синоќешното невреме во скопскиот, кумановскиот и во тетовскиот регион, на бројот за итни случаи биле пријавени, а сѐ уште и се пријавувале, поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, автомобили и слично. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:девет пожариизминатото деноноќиеотворено
Претходен напис РКЕ ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија, не се очекуваат ценовни шокови
Следен напис Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?