Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: За седум години близу 65% раст на платите – двојно повеќе отколку претходните десет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: За седум години близу 65% раст на платите – двојно повеќе отколку претходните десет
Агровести

Деспотовски: За седум години близу 65% раст на платите – двојно повеќе отколку претходните десет

Објавено 06/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголеми плати за нашите сограѓани е еден од клучните елементи на економската политика и на ТИРЗ и на Владата, а бројките и резултатите покажуваат дека со вистинска економска политика тоа е остварливо, што го потврдуваат и меѓународни финансиски институции посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во Топ тема, на Телма телевизија.

„Според официјални податоци од Меѓународен монетарен фонд во период од 2017 до 2023, значи за седум години, просечната плата пораснала близу 65%, а БДП околу 40%. Споредбено со периодот 2007 – 2016, БДП растело 29%, што значи 11 проценти поени за десет години побавно, а просечната плата растела 36%, безмалку двојно побавно,“ рече Деспотовски и додаде:

„Покажавме дека знаеме како треба да се работи економски, без разлика на обидите на нашиот политички опонент да покаже дека во некои претходни времиња тие држеле доминација во делот на економијата. Токму бројките на ММФ го покажуваат спротивното. Така што ако го задржиме трендот, а нема причина зошто да не, просечна плата од 1100 евра е реално остварлива“, нагласи Деспотовски.   

„Врз база на досегашниот учинок можеме да кажеме дека сме го испорачале претходното ветување. Одамна ја надминавме ветената просечна плата од 500 евра и сега е веќе 40% над тоа ветување. Имаше такви кои и тогаш велеа дека е ова нереално и неостварливо, но кога знаете да носите правилни одлуки и да имате храброст да поттикнете промени резултатите се видливи. Така што да, со чист образ можеме да кажеме дека може да очекуваме и просечна плата од 1100 евра. Ако претходно сме кажале просечна плата од 500 евра и сме го надминале, тогаш со вакви политики реално е остварливо и ветувањето за зголемување на платите. Во економскиот дел, сме многу јасни и прецизни,“ нагласи Деспотовски.

Во однос на претстојните претседателски и парламентарни избори Деспотовски смета дека не треба да се потценува јавното мислење, но и да не се манипулира со анкетите кои „сега повеќе се користат да креираат јавно мислење отколку да ја отсликаат реалната состојба“.

„Трката на изборите почнува од 0:0. Би бил доста внимателен, особено кај опозицијата бидејќи кај нив забележувам тренд да се подигнуваат очекувањата. Имавме таква ситуација и на претседателските избори во 2019та, како и во 2020та каде сите анкети покажуваа нешто што потоа не се оствари. Заради тоа далеку од реален е наративот на опозицијата дека трката е однапред решена,“ посочи Деспотовски. 

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на средба со земјоделците од Чешиново – Облешево
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
Гоцевски: Производството на вишна е двигател на локалната економија, Општина Делчево ќе продолжи со поддршка на овоштарите
Вечерва ќе се спроведе втората фаза од теристичката дезинсекција против комарци во Берово
Таг:65% растдеспотовскиплатитепретходните десет
Претходен напис Наскоро во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! ТРАКТОР LOVOL 404 – Ефикасен, Современ, Економичен
Следен напис Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?