Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Оставаме успешна година зад нас: Имаме просечен раст на бруто плати од 20% и 18.000 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Оставаме успешна година зад нас: Имаме просечен раст на бруто плати од 20% и 18.000 работни места
Агровести

Деспотовски: Оставаме успешна година зад нас: Имаме просечен раст на бруто плати од 20% и 18.000 работни места

Објавено 26/12/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на вработени во компаниите во ТИРЗ достигна 18.000 што е највисоката бројка досега. Ова е една од клучните резултати од работата на ТИРЗ за 2023 кои ги презентираше директорот Јован Деспотовски.

„Оставаме успешна година зад нас. Посебно ме радува што двете основни цели кои си ги поставивме на почетокот на мојот мандат, а тоа се растот на работни места и растот на плати, ги остваруваме. Оваа година за прв пат ја надминуваме бројката од 18.000 работни места. Тоа значи дека имаме здрав тренд на раст на бројот на работни места кој продолжува. Ова е раст од 11% на работни места споредено со минатата година. Она што е исто така многу важно е што регистрираме значителен раст на бруто платата во однос на просекот од минатата година.

Заклучно со податоците од ноември, прво, бруто платата во рамки на Зоните го надмина износот од 60.000 денари и второ, расте со повеќе од 20%, што е за 5% подинамично во однос на растот на платите во националната економија,“ изјави Деспотовски.

Според првичните анализи, од компаниите во ТИРЗ се очекува во буџетот на државата да се слеат минимум 75 милиони евра по основ на придонеси, данок на добивка и персонален данок.

„Тоа се 75 милиони евра кои во следната година ќе се наменат за образованието, здравството. Само за споредба пред шест години имавме годишни уплати во буџетот коишто не надминуваа отприлика 10 милиони евра. Така што сето ова е резултат и на зголемениот квалитет на работење на самите компании. Исто така годинава имаме и раст на нето извозот, кој ќе надмине 20%, односно зборуваме за над 650-700 милиони евра кои остануваат во државава,“ посочи Деспотовски.

Деспотовски посочи и дека ТИРЗ и Стопанската комора започнаа нова иницијатива „Иднината почнува дома“ чија цел е креирање платформа преку која веќе успешни млади ќе ги мотивираат младите, и им се отвори пристап до европски и добро платени работни места дома.

Инаку само годинава во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 450 милиони евра кои креираат 7000 нови работни места, од кои дел веќе се реализираат. Деспотовски најави и нови програми со фокус на домашните компании како и ново поглавје во однос на привлекување и поддршка на инвестиции.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:18.000 работни местабруто платидеспотовскирастуспешна година
Претходен напис Бачовски: Новиот објект на Платежната агенција долгорочно ќе го реши проблемот со недоволниот простор за работа
Следен напис Сончев и релативно топол декемвриски ден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?