Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип
Агровести

Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип

Објавено 05/01/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Деспотовски најавува дека деталите за американската инвестиција ќе бидат соопштени за десетина дена, и од менаџментот на компанијата и од Владата.

-Секако, не застануваме тука. Веќе година дена работиме на преговори со американско – тајванска компанија, каде во конкуренцијата се соседна Србија, но и НР Кина. Очекувам дека за еден – два месеца ќе имаме добри вести и ќе ја имаме следната најголема инвестиција во постоењето на ТИРЗ, овојпат над 200 милиони евра и близу 4 000 нови работни места, истакнува директорот. Тој открива и дека има преговори за новата високотехнолошка зона Скопје 3.

-Само неколку месеци по промоцијата на концептот на високотехнолошка зона, добивме писмо за интерес од светски позната јапонска компанија во областа на електрониката. Предизвикот тука е голем, бидејќи ова е целосно нов концепт не само за нас, туку и за целиот регион, вели Деспотовски.

Според него, значително е зголемен интересот кај инвеститорите, не само странски, туку и домашни.

-Само во моментов во ТИРЗ сме во фаза на понапредни преговори за инвестиции над 500 милиони евра. Преку законот за стратешки инвестиции работиме на инвестицијата на грчки „Митилинеос“ во делот на енергетиката, која тежи над 200 милиони евра. Но, она што е уште позначајно е дека се повеќе се отвораме и кон домашните компании, бидејќи кај нив лежи голем инвестициски потенцијал. Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија што верувам дека сигурно ќе поттикне серија инвестиции од домашните компании, потенцира Деспотовски.

Во интервјуто за МИА Деспотовски дава оценка за изминатата 2022 година, се осврнува на кризата, платите во зоните, потребите од квалификуван кадар,…

-Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година. Но, она што посебно ме радува е тоа што само во изминативе две години се отворени над 3 500 нови работни места, а од 2017 година до денес бројката е + 10.000. Тоа се 160 проценти повеќе работни места од оствареното во периодот 2007 – 2016 година. Тоа се 10 000 наши сограѓани, семејства, соседи, пријатели кои добиле можност да остварат пристојна живеачка дома. Платите растат и прв пат во 2021 ги надминаа просечните во целата економија. Оваа година, иако податоците треба да се сумираат со завршните сметки, очекувам раст на нето платата од најмалку 15 отсто, а многу веројатно дека растот е и поголем, информира директорот.

Тој очекува првично поставената цел, една милијарда евра нови инвестиции во зоните до крајот на мандатот во 2024-та, да биде постигната оваа година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јован деспотовскиТИРЗ
Претходен напис Водостојот на Охридско Езеро 14 сантиметри под просекот за јануари
Следен напис Зголемен водостојот на Црн Дрим кај Ложани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?