Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Деспина Комерц 95“ од Росоман на престижниот саем Фруит Логистика во Берлин: Да освоиме нови пазари за македонските производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Деспина Комерц 95“ од Росоман на престижниот саем Фруит Логистика во Берлин: Да освоиме нови пазари за македонските производи
Агровести

„Деспина Комерц 95“ од Росоман на престижниот саем Фруит Логистика во Берлин: Да освоиме нови пазари за македонските производи

Објавено 06/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 5 до 7 февруари во Берлин се одржува престижниот саем за овошје и зеленчук „Фруит Логистика“. Нашите извозно ориентирани компании не пропуштија и оваа година да бидат дел од овој важен настан каде на едно место можат да се најдат светски познати производители и трговци на овошје и зеленчук.

Една од македонските компании присутна на Фруит Логистика е „Деспина Комерц 95“ од Росоман – наши најголеми извозници на праски и кајсии кои располагаат со сопствени ладилници и камиони за меѓународен транспорт со кои сами ја транспортираат робата на странските пазари.

-Втора година сме на „Фруит Логистика“. Добро е да се посетуваат вакви престижни саеми затоа што тоа е можност да ги претставиме македонските земјоделски производи, да се видиме со нашите клиенти и соработници но и да оствариме нови контакти за пласман на нови пазари ова 2025 сезона. Со освојувањето на нови пазари за пласман на македонските земјоделски производи ја зголемуваме можноста да дадеме повисоки цени на нашите земјоделци, да го зголемиме производството и да ги мотивираме младите да имаат желба да се занимаваат со земјоделство. Овој месец прославуваме 30 години од работењето на компанијата, ги познаваме состојбите и затоа силно веруваме во поголем развој на македонскиот аграр, особено производството на овошје и зеленчук со кои можеме успешно да се преставивме на пребирливите европски и светски пазари – ни изјави Мартин Димитриевски, менаџер за извоз и продажба во компанијата.

Годинава на „Фруит Логистика“ има близу 2.800 изложувачи кои ќе ги покажат своите производи и услуги пред публика од над 145 земји. А се очекуваат повеќе од 66.000 посетители.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БерлинДеспина Комерцпазарисаемфруит логистика
Претходен напис НАЈК ПРОМ: ТРАКТОРИ LOVOL EURO V од 25hp до 130hp – висока технологија и перформански
Следен напис Студено утро, преку денот сончево и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?