Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Десет пати поголема поддршка за инвеститорите кои соработуваат со македонски фирми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Десет пати поголема поддршка за инвеститорите кои соработуваат со македонски фирми
Агровести

Десет пати поголема поддршка за инвеститорите кои соработуваат со македонски фирми

Објавено 10/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите од и во индустриските зони кои работат со домашни добавувачи ќе добиваат десет пати поголема финансиска поддршка од државата, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

Презентирајќи ги усвоените измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Бектеши на прес-конференција рече дека инвеститорите во зоните наместо еден процент како досега, ќе добиваат по 10 отсто поддршка.

-Поддршката ќе се зголеми од еден на 10 проценти за сите инвеститори кои за своите производи или репроматеријали над 7,5 отсто ќе ги добиваат од домашни претпријатија или од македонски компании надвор од зоните, објасни Бектеши.

Според него, со измените се олеснуваат и условите и за инвестирање од дијаспората, па наместо 10 отсто, сега поддршката за оваа намена се зголемува на 15 проценти.

– За сите наши иселеници кои би се вратиле и би инвестирале во нашата држава се зголемува износот на финансиска поддршка за 15 проценти од оправданите инвестициски трошоци, но не повеќе од 1.000.000 евра, подвлече Бектеши.

Поддршката, согласно законските измени, ќе го стимулира и рамномерниот регионален развој.

-Прв пат се воспоставува за секоја инвестиција надвор од Скопје да има дополнителна поддршка. Ако седум отсто е коефициентот на Скопскиот регион, а на североисточниот 14 отсто, а некоја компанија исполнува услови да добие 20 проценти финансиска поддршка, дополнително ќе и бидат дадени уште седум проценти во однос на разликата од најразвиениот скопски регион, истакна министерот.

Тој ги повика сите постоечки и нови инвеститорти до 16 август да ги достават апликациите – оние кои се надвор од зоните да пондесат апликации во Агенцијата за странски инвестиции, а оние во зоните да аплицираат во Дирекцијата за ТИРЗ.

-Целта на овие законски измени е забрзано поттикнување на економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата и на вработувањата. Со овие измени и дополнувања се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, воспоставување и унапредување соработка со добавувачи, поддршка за преземање претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот, истакна Бектеши и потенцира дека корисникот на финансиската поддршка има обврска да ја одржува инвестицијата за период од најмалку пет години по завршување на финансиската помош.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектеши
Претходен напис Активни осум пожари, ЦУК преку системот НИКС дигитално ја следи состојбата
Следен напис Караванот на ИПАРД во Демир Капија, нови можности преку мерка 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?