Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денови на млекото и кооперативното здружување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денови на млекото и кооперативното здружување
Агровести

Денови на млекото и кооперативното здружување

Објавено 01/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По повод Светскиот ден на млекото – 1 јуни, Здружението заштита на правата на тутунарите и останатите земјоделски производители на руралните средини на пелагонискиот регион ЕКО ТАБАК Битола, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, организира „Денови на млекото и кооперативното здружување“.

На настанот ќе присуствуваат повеќе млекопроизводители од Пелагонискиот регион, како и Благојче Веселиновски, претставник од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Целта на настанот е да се согледаат актуелните состојби во млекопроизводството, мерките кои ги презема Владата и моменталните предизвици и придобивки.

Проектот „Денови на млекото и кооперативното здружување“ е манифестација која има за цел да го зајакне континуираното дејствување во повеќе насоки: здружување на фармерите, нивна советодавна поддршка, подигнување на квалитетот на млекото, напредок и континуиран, долгорочен бенефит.

-Здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е битно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството. Посебно внимание МЗШВ посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија. Млекопроизводството како еден од поважните сегменти во агроиндустријата, зазема и важно место во креирањето на политиките за развој на земјоделството, а организирањето на оваа манифестација придонесува за одржлив и организиран пристап во спроведувањето на мерките кои произлегуваат од нашето законодавство и ЕУ регулативата. Токму затоа, здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е важно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството, а токму преку оваа манифестација и кооперативното здружување се трасира добар пат на спроведување на соодветните начини на дејствување кои водат кон реализација на поставената цел, се наведува во најавата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денови на млекотокооперативно зџружување
Претходен напис „Ден на пченицата 2023“ – посета на опитно поле и презентација на домашни сорти
Следен напис Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?