Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денови на мед во Куманово, надлежните од МЗШВ најавија поддршка за манифестациите кои промовираат македонски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денови на мед во Куманово, надлежните од МЗШВ најавија поддршка за манифестациите кои промовираат македонски производи
Агровести

Денови на мед во Куманово, надлежните од МЗШВ најавија поддршка за манифестациите кои промовираат македонски производи

Објавено 03/10/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мед, матичен млеч, прополис, мелеми и други пчелни производи се нудат на кумановци на манифестацијата „Денови на мед“ која денеска беше отворена на градскиот плоштад. Манифестацијата која се организира по 24-ти пат ја организира здружението „Пчела“. Оваа година има бројни излагачи. Пчеларите ќе добијат средства наскоро, а од идната година, средства ќе бидат одвоени за оваа и за манифестациите кои промовираат квалитетни македонски производи, најави министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски.

-Денеска ми е чест што на покана на здружението „Пчела“ од Куманово сум на оваа манифестација којашто секогаш го привлекувала моето внимание, затоа што е добро организирана имаме квалиетени производи, може да се промовира квалиеттниот македонски мед од овој регион. Ваквите манифестации веќе од идната година ќе бидат сериозно поддржани од страна на Министерството и од Владата, сѐ со цел и во другите делови од државата да имаме промоција на овој квалитетен бренд. Ние како министерство постојано работиме на подобрување на условите на пчеларите и финансиски да ги поддржиме. Паралелно наша обврска и сме се обврзале да работиме во делот на контролта на она што значи неквалитетен мед што можеби се продава ширум Република Македонија, сѐ со цел да го заштитиме ова домашно квалитетно производство. Исто така еве можам да најавам дека веќе се подготвени налозите коишто се пуштени до Министерството за финансии за доплата на оние 200 денари кон сите пчелари во Република Македонија и веќе од наредните денови можат да ги очекуваат средствата на своите сметки, изјави министерот.

Тој дополни дека доплатата е двесте денари субвенција по кошничка за производители со над 50 кошници. Одговарајќи на новинарски прашања министерот за земјоделство кажа дека со ребалансот на буџетот обезбедени се 350 милиони денари, вкупно од кои 250 за „Национални пуми“ и 100 милиони денари за АД Водостопанство.

-Тие пари се префрлени на претпријатијата и веќе се исплатени задоцнетите плати, вработените навремено ги примаат обврските, со цел нормално да функционираат овие претпријатија, додаде министерот.

На отворањето на манифестацијата, претседателот на здружението „Пчела“, Бобан Стошевски рече дека крајна цел е да се заштити автохтониот кумановски мед.

-Наша цел ќе биде промоција и едукација на домашниот кумановски мед, заеднички членовите ќе ги едуцираме сограѓаните да консумираат само домашен мед и ќе се бориме против нелојалната конкуренција, рече Стошевски.

Претседателката на советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска најави поддршка за здружението од општина Куманово, истакнувајќи дека општината има одлични производители.

„Пчела“ постојано работи во насока на промоција на пчеларството. Во моментов има над сто од различни генерации. Поискусните пчелари ги едуцираат помладите колеги и им нудат и менторски услуги. Производителите генерално се задоволни од потрошувачката и генерално од поддршката на надлежното министерство од субвенции, мерки за поддршка и модернизација на производството. „Денови на мед“ ќе траат три дена. 

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:Денови на медКумановоМЗШВподдршкапроизводи
Претходен напис ЦУК: Во последното деноноќие, 16 пожари на отворено
Следен напис Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?