Денеска во просториите на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува полагање на ловечки испит за кандидати од Скопје и околината, но исто така се повикани и сите кои што доставиле барање за полагање во меѓувреме, и оние кои не положиле во изминативе сесии.
Во изминатиов период повеќе од 400-тини ловци чекаа да полагаат ловечки испит, што конечно се оствари во последниве три месеци. Се формираше Стручна комисија за полагање ловечки испит која во тие три месеци одржа вкупно 7 испитни сесии во Свети Николе, Охрид, Струмица, Виница, Тетово, Гостивар, Прилеп и Куманово. На овие сесии полагаа и ловци од другите околни градови, со што е опфатена целата територија на Македонија.
За овој период имаат полагано 453 кандидати, од кои 382 положиле, а 71 не положиле.
Комисијата исто така планира да одржи сесија и за кандидати кои се на привремена работа во странство и доаѓаат за новогодишните празници. Истата таа сесија ќе биде закажана пред или по Нова година, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Сите кандидати кои се на привремена работа во странство, а кои веќе имаат поднесено Барање за полагање може да се пријават на маил адресата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – [email protected]
За оние кои немаат поднесено Барање за полагање, потребно е истото да го достават до архивата на министерството со пропратна документација.
Сите потребни документи кои што треба да се достават заедно со материјал за подготовка на испитот се објавени на веб страната – https://www.mzsv.gov.mk/