Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска сончево и многу топло, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Денеска сончево и многу топло, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд
Агропрогноза

Денеска сончево и многу топло, попладне и во текот ноќта локален пороен дожд

Објавено 05/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните и ноќните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер над 80 километри на час и услови за појава на град.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време. Утре и в сабота, дневните температури ќе бидат за 4 до 5 степени пониски од денешните, а од недела се очекува благ пораст на дневните температури.

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
Таг:временска
Претходен напис Услови и потребна документација за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари – можност да се искористат старите елаборати!
Следен напис Алармантна ситуацијата со пожарите, се бара прогласување кризна состојба во државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?