Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска се одбележува Светскиот ден на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска се одбележува Светскиот ден на храната
Агровести

Денеска се одбележува Светскиот ден на храната

Објавено 16/10/2021
Сподели
7 мин. за читање
07 August 2019, Rome Italy - FAO Director-General Qu Dongyu official portrait. FAO headquarters.
Сподели
Ad imageAd image

Нов моментум во трансформирањето на земјоделско-прехранбените системи со цел ставање крај на гладот

Од Чу Донгју, Генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО)

Светскиот ден на храната оваа година не’ затегнува во критичен момент. Пандемијата Ковид-19 останува глобален предизвик, предизвикувајќи невидени загуби и потешкотии. Влијанијата на климатската криза се насекаде околу нас. Посевите уништени во пламен. Домовите однесени од вода. Животот и егзистенцијата се фрлени во немир поради конфликти и други хуманитарни кризи. Глобалните предизвици за сигурноста на храната не биле толку сериозни со години.

Сепак, среде сето ова, постои охрабрувачки нов импулс и енергија, додека се стремиме да ги преиспитаме начините на кои нашата храна се произведува, складира, дистрибуира и консумира. Почнавме да се соочуваме со проблемите и да ги правиме структурите посоодветни за целта.

Минатиот месец, Самитот на Обединетите нации (ОН) за системи за храна, свикан од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, подвлече заклучоци за тоа како светот треба да напредува за да ги трансформира земјоделско-прехранбените системи.

Завршната максима на собирот беше: „Од Њујорк назад во Рим“, кадешто се сместени Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и сестринските агенции на ОН за храна.

Ние во ФАО веќе ги засукавме ракавите и се фативме за практични задачи да ја водиме имплементацијата и да ја поттикнеме трансформацијата.

Револуционерниот Светски форум за храна беше успешно свикан тука во Рим на почетокот на октомври, поддржан од глобалната младина, младинските претставници во ФАО и нашите сестрински агенции, со цел да се искористи креативноста и отпорноста на нашите помлади генерации. Тие се најзасегнати. Тие ќе бидат оние кои ќе живеат со директните последици од климатските промени и нефункционалните земјоделско-прехранбени системи. Во исто време, 1,8 милијарди млади луѓе во светот денес на возраст од 10 до 24 години, од кои скоро 90 проценти живеат во земјите во развој, обезбедуваат неограничен потенцијал за развој кој мора да биде искористен.

Ние веќе почнавме да го искористуваме преку зголемена свесност, сеопфатни решенија и конкретни акции за промена предводени од младите. Се разбира, младите не се единствените што треба да се грижат за нашите земјоделско-прехранбени системи да бидат поефикасни, инклузивни, отпорни и одржливи.

Дури и пред Ковид-19, стотици милиони луѓе ширум светот беа погодени од глад – и тој број се зголеми во последната година до 811 милиони, и покрај тоа што светот произведува доволно храна за да не нахрани сите нас. Ова е незамисливо и неприфатливо.

Во исто време, 14 проценти од храната што ја произведуваме се губи, а 17 проценти се фрла. Во комбинација со други стресни фактори – како што се штетници и болести, природни катастрофи, губење на биолошката разновидност, уништување на животната средина и конфликти – можете да ги воочите размерите на предизвикот со кој се соочуваме во исполнување на растечките потреби за храна во светот, истовремено намалувајќи го влијанието на земјоделско-прехранбените системи врз животната средина и климата.

ФАО, како водечка агенција која работи на храна и земјоделство, разви алатки со кои сме убедени дека можеме да овозможиме адресирање на многу од овие сложени системски проблеми.

Имаме јасно чувство за тоа каде одиме, врамено во целите: Подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот. И нашата работа е поткрепена со нова Стратешка рамка 2022-2031 за следните десет години што ги дефинира конкретните акции и потребни инпути за да се остварат овие ‘’’четири подобра’’ без никој дa биде изоставен.

ФАО проценува дека се потребни од 40 до 50 милијарди американски долари годишни инвестиции за насочени интервенции да се стави крај на гладот до 2030 година. Постојат многу нискобуџетни проекти со голем импакт што можат да им помогнат на стотици милиони луѓе подобро да ги задоволат своите потреби за храна.

На пример, интервенции за истражување и развој во насока на технолошки понапредно земјоделството, иновации во дигитално земјоделство, унапредување на жените како клучни чинители во напорите за намалување на гладот, како и подобри податоци, добро управување и институции, кои се неизоставен дел од равенката.

Нашиот пристап може да биде ефективен само ако е рака под рака со напорите на владите и клучните партнери, кои ги формулираат националните приоритети за трансформација во согласност со специфичните услови и потреби.

Исто така, треба да сфатиме дека научниците и административците, па дури и производителите и дистрибутерите на храна, никогаш нема да можат сами да ги направат сите овие значајни промени.

Трансформацијата може и мора да започне со прагматична и конкретна акција на обичните потрошувачи и изборот што го правиме. Одлуките што ги носиме секој ден за храната што ја консумираме, каде ја купуваме, како се спакувани, колку храна фрламе – сето ова има влијание врз нашите земјоделско-прехранбени системи и иднината на оваа планета.

Секој од нас има потенцијал да биде херој на храната. Процесот на трансформирање на нашите земјоделско-прехранбени системи – и влијанието врз гладот во светот, здравата исхрана, животната средина – започнува од нас.

Но, тоа не завршува со нас. Старата поговорка вели: „Ние сме тоа што јадеме“. Исто така, важи и тоа дека развојот на нашите деца и внуци, зависи од тоа како се храниме денес. Во нивни раце е надежта да го продолжат тој пат. Ајде да учиме заедно, да работиме заедно и да придонесуваме заедно. Нашите акции се нашата иднина.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:денорганизацијафаохраначу
Претходен напис Премиум квалитет за сигурност и успешна работа на секој терен! SOLIS 75
Следен напис Во Париз ќе бидат засадени 170.000 дрвја за подобра клима во градот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?