Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред
Субвенции

Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред

Објавено 20/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи.

Максималниот износ на средства којшто ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги користи корисникот којшто ги подига средствата. За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелира, заради заштита на здравјето,  при посета на банкомат, тутунопроизводителите да се придржуваат до препораките за самозаштита, односно да почитуваат соодветна раздалеченост од другите лица коишто чекаат во редот и да се користат ракавици при употреба на банкоматот.

Оние тутунопроизводители кои имаат потреба од подигнување готовина или од други причини не можат тоа да го сторат на банкомат и треба да ги подигнат субвенциите од  шалтерите на банките, тоа ќе можете да го сторат во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред:

  • 21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на  А, Б, В, Г, Д;
  •  22 април (среда) презимиња кои започнуваат на Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К;
  •  23 април (четврток) презимиња кои започнуваат  на Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
  •  24 април (петок) презимиња кои започнуваат на С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

И при одењето во банка, потсетуваме, заради заштита на јавното здравје, да се  почитува утврдениот распоред и препораките за држање на растојание додека се чека ред. Истовремено ве известуваме дека во периодот од 21 до 24 април, во општините каде што живеат повеќето од тутунопроизводителите, со продолжено работно време od 8 до 17 часот ќе работат филијалите и експозитурите на:

  • НЛБ Банка: Прилеп, Битола, Радовиш, Велес, Струмица, Кочани, Кавадарци и Неготино;
  • Стопанска банка АД Скопје: Прилеп, Битола (Широк Сокак), Радовиш и Струмица.

Во другите општини, филијалите и експозитурите на сите банки ќе работат според постојното работно време во овој период.

Во општините во коишто банките ќе работат со продолжено работно време, при посета на филијала или експозитура заради подигнување готовина од исплатени субвенции, за тутунопроизводителите,  движењето ќе биде овозможено до 18 часот.

Субвенциите за тутунот се  веќе се на банкарските сметки на корисниците. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, исплати над 30 милиони евра на 19.050 тутунопроизводители за субвенции за тутунот од реколтата 2019.

Може да ви се допадне

Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Трипуновски: 25.500.000 ден. за набавка на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии, за Научниот институт за тутун – Прилеп
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
(ВИДЕО) Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство
Таг:subvenciiтутун
Претходен напис Бабовски објасни како тутунопроизводители ќе ги подигнуваат парите од сметките
Следен напис Денеска тутунарите со презимиња на буквите А, Б, В, Г и Д, можат да ги подигнат парите за субвенции во банка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?