Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска на неколку часа затворени граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска на неколку часа затворени граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија
Агровести

Денеска на неколку часа затворени граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија

Објавено 26/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на неколку часа.

Граничниот премин Ники, според локалните медиуми, ќе биде затворен во периодот од 12 до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време.

Причината за денешните интензивирани активности на земјоделците во Грција е состанокот во Брисел на министрите за земјоделство на Европската Унија на кој ќе се дискутира за новата заедничка земјоделска политика.

Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците одлучија дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција остануваат најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораат граничниот премин Евзони (Богородица), како што беше случај и вчера.

Претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис, кој воедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вчера рече дека на Евзони се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и објасни дека за денеска е планиран „голем земјоделски собир на граничниот премин“, што според него ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши во зависност од тоа колку говори ќе има, „но сигурно ќе трае два-три часа“.

– Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила, истакна Карипидис, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.

Земјоделците веќе над еден месец се активни во цела Грција и бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред речиси две седмици им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

– Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка, рече вчера за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граничните преминиденескаЕвзонизатворенинеколку часаНики
Претходен напис Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! LOVOLRG70 КОМБАЈН ЗА ОРИЗ – Конфигурација со висок стандард
Следен напис Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?