Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска е Светски ден на пчелата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска е Светски ден на пчелата
Агровести

Денеска е Светски ден на пчелата

Објавено 20/05/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчелите денес опрашуваат над 80 проценти од земјоделските култури и влијаат врз производството на околу една третина од храната на целата планета. Покрај фактот дека без пчели нема да има опрашување на културите од кои зависи исхраната на луѓето, нема да има ниту опрашување на дивите некултивирани растенија кои придонесуваат за зачувување на биодиверзитетот и синџирот на исхрана во природата. Дивите некултивирани растенија што растат во природата придонесуваат за зачувување на екосистемот и синџирот на исхрана и тие исто така се опрашуваат од пчели. Ако пчеларите го изгубат интересот за чување и одгледување пчели, тоа автоматски ќе значи помалку пчели, помалку опрашување и помалку храна за целата планета.

Ова се само некои од последните согледувања на глобално ниво во пресрет на годинашниот Светски ден на пчелата, 20 Мај, чие мото е „Пчелите инспирирани од природата да нè хранат сите“.

Според експертите, пчелите и останатите опрашувачи се неопходни за човековото постоење. Благодарение на над 20 000 видови пчели и разни други диви опрашувачи, се опрашуваат растенија кои ја сочинуваат основата на човековата исхрана. Опрашувачите сериозно ја помагаат одржливоста на земјоделството и биодиверзитетот. Сепак, губењето на живеалиштата, неодржливите земјоделски практики, климатските промени и загадувањето го загрозуваат здравјето и опстанокот на различните видови опрашувачи.

-Загадувањето на животната средина е еден од факторите кои негативно влијаат на пчелите, но не само во однос на нивното труење. Со зголемување на нивото на јаглерод диоксид во воздухот, се намалува нивото на протеини во поленот. Во делови од светот каде загадувањето е максимално и каде јаглерод диоксидот е во огромни количини во воздухот, има помалку протеини, иако има изобилство полен. Ова не е доволно за квалитетно хранење на пчелите. Пчелата стана главен опрашувач, бидејќи луѓето користејќи пестициди во земјоделството ги уништија сите диви опрашувачи кои ги опрашувале растенијата заедно со пчелите. Повеќе од 200 000 животински видови се опрашувачи, од кои огромното мнозинство се диви, вклучувајќи пеперутки, птици, лилјаци и повеќе од 20 000 видови пчели, наведуваат експертите.

Македонија и годинава се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден со посебен настан што го организираат хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, Амбасадата на Република Словенија и Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) заедно со децата од градинките на општина Гази Баба и студентите од ФЗНХ. Предвидена е богата програма за сите генерации, но и отворање на првиот Парк на пчелата.

-Прославата на Светскиот ден ќе фрли светлина врз виталните улоги на пчелите и другите опрашувачи во обновата на екосистемите, зачувувањето на биолошката разновидност и безбедноста на храната и исхраната. Ова е можност да ги засилиме нашите напори за заштита на пчелите и другите опрашувачи. Со тоа можеме да ги ублажиме ризиците од недостаток на храна, неодржлив земјоделски сектор и нарушен биодиверзитет, информираат организаторите. A wide game selection and fair conditions are what players look for first when choosing a platform. All of that can be found at Pinko casino , which features an extensive catalog of slots and table games from top providers. The welcome bonus and free spins make the first session even more rewarding. Regular users get access to cashback and ongoing promotions. The mobile version runs smoothly across all devices. Support responds quickly at any hour.

По повод Светскиот ден на пчелата, Амбасадата на Словенија во соработка со АДРА Македонија објави и тематски квиз наменет за учениците од основните училишта, а најдобрите познавачи на пчелите ќе бидат наградени токму на овој настан.

Иницијативи за заштита на опрашувачите се спроведуваат низ цел свет, преку воведување иновативни земјоделски политики, едукативни кампањи, иницијативи за пошумување со медоносни растенија, натпревари за најдобри фотографии,…. Тој тренд го следи и земјава.  (МИА)

Може да ви се допадне

ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Русија воведе дигитална рубља
Препораки на ИЈЗ за училиштата: „Здрави ученици – здрава иднина!“
ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, четири ставени под контрола
Таг:пчеласветски ден
Претходен напис (ВИДЕО) Кога и како да се засадат лубениците во градината
Следен напис Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?