Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ден на планетата Земја: Промената започнува од тебе!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ден на планетата Земја: Промената започнува од тебе!
Агровести

Ден на планетата Земја: Промената започнува од тебе!

Објавено 22/04/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секоја година во април милиони луѓе ширум светот го одбележуваат Денот на Земјата.

Оваа година темата е реставрација на планетата, а главниот фокус е ставен на обнова, преродба и почнување нов циклус.

Денот на Земјата е традиционален годишен настан кој се одбележува на 22 април, а чија цел е да ги истакне и да им даде важност на еколошките проблеми со кои се соочуваме, од климатската криза, преку загадувањето на околината и воздухот, па сѐ уништувањето на шумите. И додека секој од нас не може да делува глобално, дури и најмалиот локален напор да се промени нешто ќе се почувствува и ќе влијае на зачувување на Земјата.

Граѓаните кон оваа акција за подобра, почиста и поздрава планета можат да се приклучат купувајќи паметно со рециклирање и постојано едукација.

Тие се советуваат секогаш со себе да носат торба за пазарење наместо да купуваат ново ќесе, да избегнуваат производи чија амбалажа е составена од премногу пластика и најлонски обвивки за да се намалите количеството на отпад кое го создавате, да го купуваат она што им е потребно.

Се укажува на важноста за рециклирањето. Најважните индустриски материјали можат да се рециклираат. Пакомак ги подели по боја контејнерите за одложување на различен вид отпад: Жолта боја – пластика и лименки, сина боја – хартија и зелена боја – стакло.

Од сите индустриски материјали, на стаклото му е потребно најмногу време за разградување (преку илјада години за да се разгради целосно) и затоа е многу важно да заврши во соодветниот отпаден сад. Притоа, неправилно одложеното стакло неретко знае да предизвика пожари поради сончевата светлина која се одбива од него, особено ако е оставено во близина на сува трева, хартија или сличен запалив материјал. За отпадот од стакло да се најде во рециклажните погони каде што припаѓа, Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) во соработка со Заедницата на локални самоуправи на Македонија (ЗЕЛС) и Пакомак во нашата земја го спроведуваат регионалниот проект „Управување со отпад од стакло на Западен Балкан”, со кој е предвидено поставување на поголем број контејнери во неколку домашни општини со цел да се зајакне инфраструктурата и да им се олесни процесот на одложување на отпад на граѓаните кои се заинтересирани за вклучување на овој процес.

Пораката е моќна само онолку колку што истата ќе биде проширена. Целта е таа да стигне до што повеќе луѓе за да може да резултира во промена.

-Ако вие ја имате прифатено вашата еко обврска кон планетата, бидете сигурни дека ја имате моќта да ги убедите да ја прифатат и вашите блиски. А како да го направите тоа? Изборот е ваш. На домашните можете да им покажете како да го селектираат отпадот во нивниот дом и како да го поделат по категории на рециклирање. Барем денеска, побарајте го отпадот кој може да се рециклира од соседите и убедете ги да го одложат заедно со вас, па можеби така ќе ги мотивирате во иднина тоа да го прават и самите. Или во најмала рака, можете да објавите еко-пост на вашите социјални мрежи кој ќе ги повика сите оние кои ве познаваат во борбата за подобар свет. Овој Ден на Земјата да се обидеме да направиме заедничка промена!, повикуваат еколошките организации и компаниите што се занимаваат со рециклирање.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:земја
Претходен напис Американскиот мед сè уште содржи радиоактивен отпад од нуклеарните тестирања пред 60 години
Следен напис Во Теново ќе биде пуштена во употреба фотоволтаична централа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?